Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Мицкоски: Со унгарскиот заем вративме долг и финансираме општински проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarysvcjia8s4c9jeCpoNw0

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, ги отфрли критиките на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, поврзани со унгарскиот заем, оценувајќи дека станува збор за најповолното задолжување што државата го обезбедила.

Мицкоски рече дека отворањето истрага во Унгарија за заемот е внатрешно прашање на таа држава и нагласи дека тоа, според него, само потврдува дека Македонија успеала да обезбеди финансиски средства под исклучително поволни услови.

— реклама —

Според премиерот, половина од заемот, односно 500 милиони евра, биле искористени за враќање на претходни долгови, додека дел од преостанатите средства се пласирани како субвенционирани кредити за компаниите со каматна стапка од 1,95 проценти.

— реклама —

Останатите средства, како што посочи, се наменети за финансирање на инфраструктурни проекти во општините, вклучително и во општини раководени од градоначалници од различни политички партии.

Мицкоски истакна дека и самата унгарска влада оценила дека заемот е одобрен под преференцијални услови и додаде дека, наместо критики, опозицијата треба да го поздрави ваквиот финансиски аранжман.

— реклама —

Тој го обвини Филипче дека изнесува, како што рече, невистинити тврдења во врска со заемот и неговата намена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања