Промени тема
Контакт

(Видео) Мобилни екипи ловат брзо возење: уапсен 27-годишник од Тетово кој возел мотор со 188 км/ч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarysmo98p75b8r41lbwh4O

Мотоциклист од Гостивар бил фатен како вози со 188 километри на час на автопатот Гостивар–Тетово, на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Дваесет и седумгодишникот бил лишен од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Случајот бил откриен денеска, 15 октомври, во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, со помош на специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки како се движи со недозволена брзина.

— реклама —

Возачот В.Б. (27) од Гостивар бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Од МВР информираат дека се преземени соодветни мерки и против него ќе следува постапка согласно законот.

— реклама —

Од Министерството најавуваат дека продолжуваат засилените сообраќајни контроли со полициски пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Од МВР потсетуваат дека возењето со брзина над дозволената е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои можат да имаат тешки последици по имотот, здравјето и животот на учесниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhgevo332isba8jXMWHR

Две возила изгореле во пожар во Ѓорче Петров

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Дал 2.000 евра за документи за престој и работа во странство, па останал и без пари и без работа

Македонија | пред 10 часа

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Целосно изгоре „мерцедес“ во Аеродром, огнот зафатил и друго возило

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања