Промени тема
Контакт

(Видео) Моментот на американската акција против венецуелска нарко-банда: убиени 11 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
brod-venecuela

Војската на САД изврши напад во јужниот дел на Карипското Море врз брод што тргнал од Венецуела, при што беа ликвидирани 11 членови на криминалната група „Трен де Арагва“. Информацијата ја потврди американскиот претседател Доналд Трамп, кој од Белата куќа изјави дека на пловилото било пронајдено „големо количество дрога“.

Според државниот секретар Марко Рубио, кој се огласи на социјалната мрежа X, нападнатиот брод бил управуван од „позната нарко-терористичка организација“. Тој ја оцени акцијата како „тежок удар“ врз криминалните структури во регионот.

Вашингтон неодамна најави засилено присуство на својата морнарица во венецуелските води со цел да се спротивстави на латиноамериканските нарко-картели. Иако не е спомната никаква копнена интервенција, официјален Каракас реагираше со испраќање војска на крајбрежјето и кон границата со Колумбија. Претседателот Николас Мадуро, воедно, ги повика граѓаните да се приклучат на цивилната милиција.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Мадуро ја обвини американската администрација дека преку приказни за трговија со дрога сака да создаде алиби за негово соборување. Како аргумент, тој и неговите соработници често се повикуваат на извештај на Обединетите нации, според кој само пет отсто од колумбиското кокаинско производство поминува преку Венецуела.

Инаку, Колумбија е водечки светски производител на кокаин, со пристап и кон Тихиот Океан и кон Карипското Море, додека Боливија, иако исто е во регионот, нема излез на море.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Расте бројот на жртвите во Венецуела: Потврдени 6.509 загинати

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 3 седмици

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 месец

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања