Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Му се смееја, а сега го купуваат: Објавено првото видео од „Trump Phone“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library5ea1ksvebdpdaQBVt4x

Телефонот „Trump Mobile T1“, кој со месеци беше предмет на потсмев и сомнежи дали воопшто ќе се појави на пазарот, конечно почна да пристигнува кај дел од купувачите кои го нарачале во претпродажба.

Технолошкиот портал CNET објави видео од распакување на уредот на YouTube, откривајќи што точно добиваат корисниците во кутијата.

— реклама —

За разлика од повеќето модерни телефони од Apple, Samsung или Google, каде најчесто доаѓа само USB-C кабел, „Trump Phone“ вклучува и полнач, како и проѕирна заштитна маска.

Во пакувањето има:

— реклама —
  • USB-C кабел

  • полнач

  • проѕирна силиконска маска

Сепак, засега нема информации за брзината на полнење или техничките детали на адаптерот.

CNET наведува дека телефонот има пластичен заден дел, а уште при првото вклучување се инсталирани апликациите „Truth Social“ и „Doctegrity“.

Дополнително, фотографиите направени со телефонот автоматски добиваат воден жиг со логото „T1“, како и датум и време. Засега не е познато дали оваа функција може да се исклучи.

— реклама —

Во технолошките кругови веќе се појавија сомнежи дека „Trump Mobile T1“ не е целосно нов уред, туку ребрендирана верзија на HTC U24 Pro од 2024 година.

Истовремено, дел од американските технолошки портали предупредуваат дека веб-страницата на „Trump Mobile“ можеби има безбедносни пропусти преку кои би можеле да протекуваат кориснички податоци.

Поради тоа, повеќе специјализирани медиуми во САД не им препорачуваат на корисниците да инвестираат или да купуваат ваков уред.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 20 часа

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 21 час

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 1 ден

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања