Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) МВР ги бара извикувачите на навредливите и шовинистички пароли во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library6iekelhid5ol8SqwJb8

По завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Србија, кој предизвика бурни реакции во регионот, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Тетово и Гостивар немало пријавени инциденти, но потврди дека ќе се постапува по навредливите скандирања што беа снимени и споделени на социјалните мрежи.

— реклама —

Според официјалното соопштение, на 11 и 12 октомври 2025 година, во периодот од 22:40 до 00:30 часот, по завршување на натпреварот, во Тетово и Гостивар се зголемил бројот на граѓани на градските плоштади, а со тоа и сообраќајната фрекфенција на централните улици.

„Движењето на граѓаните по улиците во Тетово и Гостивар, како и движењето на возилата, заврши без проблеми, и во тој временски период во СВР Тетово не се пријавени инциденти или поплаки. Полициски службеници беа на лице место, и во врска со навредливите скандирања ќе бидат преземени соодветни мерки,“ соопштија од МВР.

— реклама —

Потсетуваме, видеа објавени на социјалните мрежи покажаа групи навивачи во Тетово кои по натпреварот скандирале навредливи и шовинистички пораки, меѓу кои и „каурски пи**и“, „умри Србија“ и „УЧК“.

— реклама —

Како што објави „Скопје1“, полицијата во Скопје превентивно забрани движење во центарот на градот за да се спречат можни инциденти, додека во Приштина прославата беше проследена со пукање со пиштол и еден приведен.

— реклама —

Порталот „Скопје1“ испрати прашања до институциите и очекува одговори дали е поведена постапка во врска со говорот на омраза и јавниот ред и мир нарушен за време на прославата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygnqu2bjk0a52b4wUDn7

МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место

Скопје | пред 4 часа

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Кај Богородица пронајдени тројца мигранти, едниот со прострелна рана

Македонија | пред 7 часа

media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Пукале кон автомобил во Сарај додека во него седеле две лица

Македонија | пред 7 часа

media-libraryfr753o7pd8q4b9MJmtF

Ја нападнал партнерката, а потоа со тврди предмети и го оштетил возилото

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања