Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) На Трамп му беше удобно и само што требаше да потпише извршни наредби, следеше изненадување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Доналд Трамп се врати во Овалната соба на Белата куќа каде што ги помина првите неколку часа како старо-нов американски претседател потпишувајќи извршни наредби и укинувајќи ги наредбите на поранешниот претседател Бајден.

Меѓу другото, Трамп помилува околу 1.500 обвинети кои учествуваа во нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година.

— реклама —

Додека тој потпишуваше серија извршни наредби, еден од новинарите собрани во Овалната соба го праша американскиот претседател дали го нашол писмото на Џо Бајден во познатото биро Резолут.

Трамп потоа рече дека не знае ништо за тоа, а потоа ги провери фиоките на неговото биро. Едена од нив била со писмо кое Трамп потоа го покажа пред камерите.

— реклама —

„Ти благодарам, Питер“, му рече Трамп на новинарот па додаде: „можеа да поминат месеци додека да го најдам ова“.

„Можеби треба да го прочитаме сите заедно“, рече Трамп, а потоа го остави писмото настрана.

— реклама —

Тој изјави дека прво сам ќе го прочита, а потоа ќе го сподели јавно.

На ковертот беше подвлечен бројот 47. Доналд Трамп е 47-от претседател на Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Иран поднесе тужби во пет земји по нападот врз училиште во кој загинале 123 деца

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Шефот на американското разузнавање: „Путин не ѝ е пријател на Америка кога станува збор за Украина“

Свет | пред 20 часа

media-libraryake5lc9jnrqrfoOuHAD

„Напијте се пиво и разговарајте“: Лула откри како ги повикал Трамп, Си и Путин на средба

Свет | пред 20 часа

media-librarytnmuqi4pah9ralMf7o3

Трамп објави фотографии од Кина со Путин и Си Џинпинг: „Тоа се мои пријатели“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања