Промени тема
Контакт

(Видео) Над 195 килограми дрога, 230.000 евра и 39.000 лекови запленети од Царинската управа во 2025

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
droga-zaplena-1

Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи запленети се 195,5 килограми дрога, во 14 случаи запленети се 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови. Воедно, постигнат е значителен напредок за заштита на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се над 112 илјади парчиња производи со потпис на познати трговски марки, велат од Царинската управа.

„Извршени се над осум илјади прегледи на возила при што спречени се 28 кривични дела, како и прекршочни дела во кои утврдените избегнати давачки изнесуваат осум милиони денари.

— реклама —

Постапувано е и по 30 барања за асистенција, при што во последен случај со помош на царинско куче од К9 единицата пронајдени се 10 килограми кокаин.

Мобилните царински тимови учествуваа и во три поголеми меѓународни акции – Shield VI, Stop IV, и ARMSTRONG XI. Станува збор за меѓународни акции чија цел е спречување на нелегална трговија со фалсификувани лекови и анаболици и заштита на правата на интелектуална сопственост преку спречување нелегална трговија со фалсификувани стоки, како и спречување на обиди за тероризам“, се додава во соопштението.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq8tfqndkobls8lTwIoy

Приведен висок функционер на Царината, кај него пронајдени обележани 17.500 евра

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0evp966s0u5131urIAf

Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти

Македонија | пред 1 месец

media-librarysdf7kol50cdjbsB7axH

Грчки државјанин на Табановце изјавил дека носи 60.000 евра, цариниците при контрола откриле повеќе од 124.000 евра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv772s79mfk0dfEMHTpa

Царината воведува паметни граници и автоматизирани царински терминали

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања