„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Над 20 деца завршија во болница во Романија, по тик-ток трендот „супермен“ кој се шири во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-12-04-at-17.32.32

Десетици тинејџери во Романија претрпеа скршеници и тешки трауми по новиот опасен тренд кој се појави на социјалната мрежа Тикток наречен „Супермен предизвик“, истиот кој се забележува и во Македонија. „Скопје1“ веќе објави дека ваков опасен тренд е снимен во училишниот двор на скопско ГУЦ. Засега не е познато дали има повредени лица при снимањето на овој тренд кај нас, но во Романија, за еден ден, имало повеќе интервенции, а две деца завршиле и на операции.

— реклама —

— реклама —

Опасниот предизвик „Супермен“ на Тикток веќе донесе најмалку 19 деца и тинејџери во израелските болници, со повреди кои се движат од фрактури и потреси до губење на свеста. Лекарите предупредуваат на ризици опасни по живот, повикувајќи ги родителите и тинејџерите да избегнуваат имитирање на опасни трендови на интернет.

„Беше страшно – ме фрлија навистина високо, паднав, не реагирав и веднаш се онесвестив“, рече Ноа, 12-годишно девојче кое доживеа потрес на мозокот од пад и изгуби свест. Таа беше подложена на серија медицински тестови во детскиот медицински центар Шнајдер.

Поради ова во соседна Албанија се вклучи алармот. Тамошната Управа за аудиовизуелни медиуми (АМА), испрати предупредување за родителите и тинејџерите да не наседнуваат на опасниот тренд.

„Предизвикот е да скокнете напред со испружена рака, како стрип ликот Супермен, за да бидете фатени или не, од пријателите. Од опасната „игра“ во еден ден, повеќе од 20 тинејџери завршија во болница со тешки повреди. Освен што го ризикуваат здравјето и често животот, за тинејџерите нема ништо забавно“, стои во предупредувањето на претседателката на АМА Армела Красниќи.

Во Македонија, засега нема реакции, но има вакви видеа на социјалните мрежа кои се вирални.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања