Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Над 80 литри дожд на квадратен метар: поплави и евакуации во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarygp36cng7f7ccabLAA14
Илустрација

Во Велико Трново, Бугарија, ситуацијата останува сериозна по силните поројни дождови кои донесоа над 80 литри на квадратен метар врнежи за кратко време.

Прогласена е вонредна состојба, а има и евакуирани жители. Вонредна состојба е прогласена и во регионите на Велико Трново, Габрово, Горна Орјаховица и Драјново.

— реклама —

Повеќе патишта се затворени, а реката Јантра излегла од своето корито, што довело до евакуации.

— реклама —

Поплавите предизвикаа сериозни штети на возила и патна инфраструктура. Затворени се патиштата кон Стара Загора и Габрово, бидејќи реката навлегла на коловозот.

„Никој не спиеше“, изјави еден жител на Велико Трново.

— реклама —

Друг граѓанин наведе дека земјоделските насади се уништени, додека трета жителка рече дека водата во приземјето достигнала до колена и дека поплавата повторно ја погодила областа по повеќе од една деценија.

Министерот за внатрешни работи изјави дека евакуацијата е превентивна поради значителен пораст на нивото на реките, меѓу кои и Јантра. Тој додаде дека службите работат на терен во текот на целата ноќ за да се спречат жртви и да се проценат штетите.

Нивото на реката во градот речиси достигнало критична висина од 7,50 метри во најниските зони.

Областниот управител соопшти дека кризниот штаб останува на терен додека водата не се повлече и не се утврдат штетите, при што се најавуваат и нови врнежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Мир или војна, демократија или корупција“: Радев за вториот круг од изборите

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryigravshfotktf7bjCFs

Речиси целосно обработени гласовите во Бугарија, разликата меѓу Јотова и Ѓуров е 42.826 гласа

Балкан | пред 2 дена

media-library7fbp9pfef7997NKXaMY

(Видео) Млад скопјанец уапсен со речиси 100.000 евра во фалсификувани банкноти – доби притвор во Бугарија

Свет | пред 4 дена

media-libraryk6tnu0lu41e85bislVo

Уапсени тројца осомничени за убиството на Слави Бинев – пресретнати на автопат во Бугарија

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања