Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Не еден, туку пет тендери за фирма поврзана со братучедот на директорот на „Бардовци“, вели ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
BARDOVCI

ДУИ излезе со нови обвинувања за јавните набавки во Психијатриската болница „Бардовци“, тврдејќи дека компанијата „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, која ја поврзува со братучедот на директорот Иса Авдулаи, не добила еден, туку вкупно пет тендери од институцијата откако тој ја презел директорската функција.

Според партиското соопштение, првиот договор бил потпишан на 15 октомври 2024 година, околу три месеци по именувањето на Авдулаи за вршител на должноста директор, а бил во вредност до 600.000 денари.

ДУИ тврди дека на тој договор стои и потписот на самиот директор.

— реклама —

Потоа, според партијата, „Индиго Инц“ добила уште четири тендери, меѓу кои и овогодишна набавка за ИТ-системи и лиценци во вредност до 2,59 милиони денари, односно околу 42.000 евра.

Од ДУИ наведуваат дека сопственикот на компанијата, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи и тврдат дека семејната поврзаност била признаена и од самиот директор.

Партијата посочува и дека, според нејзините информации, непосредно пред првиот тендер била направена промена во раководната функција во компанијата, но оценува дека тоа не ја менува семејната поврзаност.

— реклама —

ДУИ бара целосна проверка од Државната комисија за спречување на корупцијата, Бирото за јавни набавки и другите надлежни институции.

„Треба да се проверат сите пет постапки – критериумите, понудите, учесниците и начинот на избор“, бараат од партијата.

Од таму оценуваат дека не е доволно да се тврди оти постапките биле законски или дека директорот не учествувал во комисиите за избор.

— реклама —

„Кога компанија семејно поврзана со раководителот на јавна институција добива пет тендери од истата институција, целосната транспарентност и проверка на постапките се обврска, а не избор“, велат од ДУИ.

Партијата дополнително бара ВЛЕН и раководството на болницата јавно да ги објават документите со кои би се потврдила законитоста на постапките.

„Јавните пари не се семејна сопственост. ‘Бардовци’ не смее да се претвори во семеен бизнис на ВЛЕН“, порачуваат од ДУИ.

Станува збор за обвинувања на ДУИ. Во доставеното соопштение не се приложени самите договори, тендерска документација, понуди или одлуки за избор со кои независно би можеле да се потврдат сите наведени детали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 2 седмици

dui

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg774cbuic3hf0XDl0xy

ДУИ бара оставка од Астрит Исени по наводите за полициско насилство врз две млади лица: МВР го истражува случајот

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања