Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Необичен песочен вртлог ги изненади посетителите на тениските терени во Словенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library5dae4hn8h516d9RhO6o

Необичен песочен вртлог, познат како „dust devil“, пред неколку дена се појавил во околината на словенечкиот град Кршко и ги изненадил посетителите на локалните тениски терени.

— реклама —

Иако феноменот траел кратко, бил доволно силен за да покаже дека ваквите природни појави не се секогаш безопасни.

Песочниот вртлог настанува над силно загреана подлога, кога врелиот воздух брзо се издигнува. Поради промени во струењето на воздухот, тој почнува да ротира и создава вртлог што подига прашина, песок, лисја и други лесни честички, што го прави лесно видлив.

— реклама —

Овој феномен најчесто се јавува во сончеви, многу топли и суви денови, кога атмосферата е релативно мирна.

— реклама —

Повеќето песочни вртлози се со слаб интензитет и не предизвикуваат штета. Сепак, посилните можат да достигнат брзина на ветерот поголема од 80 километри на час, при што можат да превртат полесни предмети, да оштетат покриви, да соборат дрвја и да предизвикаат помала материјална штета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Нови камери на автопатите во Словенија: Забавувањето пред радарот повеќе нема да ве спаси од казна

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryh1p24huuef7gaJ63Xld

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари вредна 30 милиони евра

Свет | пред 2 седмици

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Возел во рикверц на словенечки автопат, двајца загинати, дете се бори за живот

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqnv4rtloq1bm20nOuTs

Словенците ги отфрлија измените на Законот за парламентарна истрага на референдум

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања