Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) Нереална сцена во Пентагон: Хегсет цитирал лажен „библиски“ стих од филм за време на говор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-librarye1qpib96r8ag6YaWsF2

Пит Хегсет, министер за одбрана во администрацијата на Доналд Трамп, предизвика реакции кога на верска служба во Пентагон прочита „молитва“ со стихови од „Pulp Fiction“, погрешно претставени како библиски цитат (Езекил 25:17). Дел од текстот е дело на Тарантино и Ејвери и во филмот го изговара ликот на Семјуел Л. Џексон. Настанот доаѓа додека демократи во Претставничкиот дом бараат негово отповикување, обвинувајќи го за воени злосторства и злоупотреба на функцијата. Иако има повици за итна смена, шансите се мали поради републиканското мнозинство и високите услови за разрешување.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за одбрана во администрацијата на Доналд Трамп, Пит Хегсет, предизвика реакции откако за време на верска служба во Пентагон цитирал стихови од култниот филм „Pulp Fiction“, кои во филмот погрешно се претставени како дел од Библијата.

Хегсет се обратил пред присутните во рамки на верски настан во владниот комплекс, при што прочитал невообичаена „молитва“. Според медиумите, текстот му бил даден од „главниот планер“ на мисијата за спасување на двајца припадници на американските воздухопловни сили, кои биле соборени над Иран.

— реклама —

„Патот на соборениот авијатичар од сите страни е опкружен со неправдите на себичните и тиранијата на злите луѓе. Благословен е оној кој, во име на другарството и должноста, ги води изгубените низ долината на темнината, зашто тој е вистински чувар на својот брат и пронаоѓач на изгубените деца. И ќе се нафрлам врз тебе со голема одмазда и гневен бес, врз оние што се обидуваат да го заробат и уништат мојот брат. И ќе знаете дека мојот повикувачки знак е „Сенди 1“ кога ќе се одмаздам над вас, амин“, изјавил Хегсет.

— реклама —
— реклама —

Дел од овие редови, како што се наведува, се напишани од Квентин Тарантино и Роџер Ејвери за филмот „Pulp Fiction“, каде ликот што го толкува Семјуел Л. Џексон ги изговара пред да изврши убиство, претставувајќи ги како библиски цитат од Книгата на пророкот Езекил 25:17.

Настанот доаѓа во чувствителен момент за министерот, кој во последните месеци редовно организира верски служби во Пентагон. Неговиот говор следува откако дел од демократите во Претставничкиот дом поднесоа иницијатива за негово отповикување.

Деветмина пратеници од Демократската партија го обвинија за воени злосторства, злоупотреба на функцијата и несовесно раководење со Министерството за одбрана.

Конгресменката Јасамин Ансари остро реагираше, оценувајќи дека Хегсет ја прекршува својата заклетва и ги доведува во опасност американските војници, повикувајќи на негова итна смена.

Сепак, со оглед на тоа што Републиканската партија има мнозинство во двата дома на Конгресот, шансите за успешен процес на отповикување се мали. За смена е потребно мнозинство во Претставничкиот дом и двотретинска поддршка во Сенатот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања