Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Невреме во Грција: проблеми со струја, загриженост од катастрофи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-04-20-at-11.16.07

Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.

Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.

— реклама —

— реклама —

Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.

„Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа може ли да добиеме многу добри резултати“, најави министерот од Лариса.

Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.

— реклама —

Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.

„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува во медиумите.

— реклама —

Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година.

Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryiq23vprdvi1q3TIHp1i

Грција најави соработка со новите српски власти за забрзување на патот кон ЕУ

Балкан | пред 46 минути

— реклама —
media-libraryog780k9t7ut6fM9meH7

14-годишник во Грција подготвувал вооружен напад во училиште поради врсничко насилство

Свет | пред 1 ден

policija-grcija

Потера со пукање во Грција: Измамиле баба, украле пари и златници вредни половина милион евра

Свет | пред 2 дена

media-library9u0sdv6b1be5fAg46oA

Разбиена работилница за фалсификување документи за азил во Атина, запленети над 32.000 евра

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања