Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

(Видео) Незавршена војна: генерал Арсовски откри како бил игнориран планот за одбрана на Македонија во 2001

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarymqi762sla9hr7lhuc6z

Најмладиот генерал во поранешната ЈНА и прв генерал на македонската армија, Митре Арсовски, во гостувањето во подкастот „Претрес“ откри непознати детали од воените анализи што претходеле на кризата во 2001 година.

Арсовски објасни дека уште пред избувнувањето на конфликтот, тој имал изработено оперативни карти со прецизна проценка каде ќе започнат нападите и кои точки се најкритични за одбраната на државата.

„Картата е слика на војната. Сè што нацртавме како ризични точки подоцна се случи. На делот кај Црн Врв и Скопска Црна Гора уште тогаш ги нацртавме албанските вооружени групи – не бегалци, туку луѓе во униформа кои се движат кон една клучна точка“, изјави Арсовски.

Тој откри дека на една од брифинг-средбите претседателот Киро Глигоров го прашал што означуваат овие воени симулации на картите.

— реклама —

„Му објаснив дека, ако не се реагира на време, прво на удар ќе бидат Солунска Глава, а потоа и други јазли што се клучни за опкружување на Македонија“, вели Арсовски.

Според него, најголемиот проблем не бил во анализите, туку во нивното игнорирање.

„Едно е да нацрташ карта и да напишеш заповед. Друго е извршувањето. Нè послушаа ли? Не. И затоа се случи 2001“, нагласи генералoт.

— реклама —

Арсовски тврди дека конфликтот никогаш не бил целосно завршен:

„Војната е завршена само кога ќе го совладаш непријателот и ти ги диктираш условите. Ние тоа не го направивме. Тоа остана незавршена војна – политички запрена, со оружје формално преземено.“

— реклама —

Интервјуто го отвора прашањето за тоа дали државата навистина научила нешто од најтешките безбедносни моменти во својата историја и дали денес се прави сериозна проценка на ризиците кои генералите одамна ги предвидувале.

Погледнете го цел поткаст каде се зборува за Тито, ЈНА, Вуковар...

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq03a37oir6fn6bur6kl

ВО ЖИВО: ДУИ за првпат на „Претрес“ – Беџети за Ахмети, Груби, судството, „нашите и вашите“, УЧК, изборите...

Македонија | пред 46 минути

— реклама —
media-libraryhi7agm4bgorp7527Cs1

„Не се предадовме, не се откажавме“ – „Претрес со Ландов“ се враќа во среда

Македонија | пред 2 дена

media-library7g091k4arpduesquV1l

(Видео) Од вечерва е на улиците: „Спиете ли мирно?“

Македонија | пред 4 дена

media-libraryfait5edlmmtb73qJD1O

(Видео) Мистериозни лица и познати изговори: „Претрес со Ландов“ се враќа со четврта сезона

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања