Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Новак ги загрижи фановите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Спорт
pleti-novak

Новак Ѓоковиќ го одработи првиот тренинг во комплексот Индијан Велс на Централниот терен за да ја почувствува брзината на подлогата и условите на кои ќе игра.

— реклама —

Српскиот тенисер реши да тренира со Себастијан Корда кој сериозно го повреди на турнирот во Аделаида на почетокот на минатата година. Оттогаш Американецот имаше големи проблеми со повредите и отсуствуваше почесто отколку што всушност играше на АТП турнејата . Двајцата разменија удари под будното око на Горан Иванишевиќ од една, и Радек Штепанек од друга страна.

— реклама —

— реклама —

Во тимот на Ѓоковиќ извесен период беше и овој поранешен тенисер, а не е тајна дека останаа големи пријатели и дека Новак беше на неговиот проштален меч во Чешка.

„Да, имавме многу можности. Секој ден се гледаме во соблекувалната. Ништо не може да го надмине фактот што бев во неговиот тренерски штаб. Толку многу поминавме низ таа соработка, како играчи, како противници, како пријатели... Најважно е да го задржиме пријателството, тоа е важно на крајот на денот“, изјави Штепанек за Нова.рс минатата година.

Она што ги загрижи фановите е фактот што Ѓоковиќ уште еднаш облече „ракав“ и со тоа му даде дополнителна поддршка на тој лакт кој го мачи веќе некое време, а најчесто го става кога времето е малку постудено.

„Тој го има тој поглед во очите. Ѓоковиќ е сериозен во тенискиот рај“, се вели во најавата за турнирот.

Ѓоковиќ е слободен во првото коло, а во второто ќе игра против подобриот од дуелот Александар Вукиќ и квалификантот. Српскиот тенисер се уште не знае кога ќе го одигра мечот од второто коло.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_0656

Од омаловажување до восхит: Енди Родик со најсилни пофалби за Новак Ѓоковиќ

Спорт | пред 1 седмица

IMG_0656

Ѓоковиќ по тешка битка во Шангај: „Публиката ме крена – неверојатна поддршка, и покрај бруталните услови“

Свет | пред 1 месец

IMG_0656

Ѓоковиќ повторно испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Спорт | пред 3 месеци

453504765_18456274717030927_4996560107650704942_n

Ѓоковиќ го собори рекордот на Федерер

Спорт | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања