Промени тема
Контакт

(Видео) Објавени снимки како е ограбен тутунар од Прилеп: „Ова не е кражба на тутун, туку на месеци труд и иднина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Настани
media-libraryo5g524an6grpfHsUH5W

Тутунарот Крсто Дуковски од Прилеп јавно се обрати до јавноста по кражба на голема количина тутун, за која вели дека претставува директен удар врз егзистенцијата на неговото семејство и резултат на месеци натчовечки труд.

Во својата изјава, Дуковски нагласува дека минатата година била најтешката во неговиот живот, товар кој, како што вели, може да го почувствува само оној што го носи. Токму затоа, оваа година тој и неговата фамилија вложиле сè што имале – здравје, пари, трпение и огромна работа – со надеж дека ќе ја надминат болката и загубите од претходната сезона.

„Ова што се гледа на видеата е кражба на голема количина тутун. Ова е кражба на месеци натчовечки труд, надеж и иднина“, вели Дуковски, објаснувајќи дека одлучил јавно да ги објави снимките не од револт или омраза, туку со цел да се разбуди свеста, емпатијата и да се поттикне побрза реакција од надлежните институции.

— реклама —

Тој упати апел до граѓаните доколку ги препознаат лицата на снимките, случајот да го пријават во полиција, нагласувајќи дека земјоделецот не бара милостина, туку правда и почит за својот труд.

— реклама —

Случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста на земјоделските производи и заштитата на тутунарите, кои честопати се изложени на кражби што директно ја загрозуваат нивната егзистенција и опстанок.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylarnlb7pbcul2mENszF

Пожарот кај Прилеп сè уште активен: Огнот се шири во два правци, на терен се 20 доброволци

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk4ites8rfcaifQmEd84

Пожар во прилепско село: Огнот навлегол меѓу куќите, се сомнева дека е подметнат

Македонија | пред 1 седмица

semejno-nasilstvo

Жена од прилепско пријавила дека била физички нападната од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Македонија | пред 1 седмица

media-library300eoja88tcu3YQkVBL

Вечерва почнува 23. „Пиво фест“ во Прилеп

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања