Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Остри пораки за Путин и Кремљ од Скопје: Борел му порача на Лавров да седи и слуша, па да пренесе зошто Русија е изолирана

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-11-29-at-19.41.10

Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, откако посочи дека често е во Македонија годинава, остро го искритикува рускиот претседател Владимир Путин. Борел кажа дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров треба да ги чуе пораките и да ги пренесе во Русија, особено за тоа, зошто таа земја е изолирана.

— реклама —

„Русија се обидува да го поткопа постоењето на ОБСЕ и нејзиното постоење. Јас сфаќам дека некои земји не беа рамнодушни на поканата за Лавров, бидејќи Русија започна незаконска војна. А сепак, да дозволите Лавров да учествува, е во дел од нашата цел, да го одржиме мултилатеризмот жив. Лавров треба да чуе зошто ја изолираме и осудуваме Русија. Треба да чуе од учесниците зошто Русија е изолирана. Тогаш ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ“, рече Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија.

— реклама —

Борел додаде дека Украина се бори да ги задржи интегритетот и суверенитетот.

„Се бори и за стабилноста и мирот во Европа, вклучувајќи го и Западниот Балкан“, додаде Борел.

— реклама —

Тој го поздрави предлогот Малта да биде следниот претседавач на Самитот на ОБСЕ, кој се надева дека ќе биде прифатен од сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 година

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 година

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 година

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања