Промени тема
Контакт

(Видео) Ова е првиот гостин во четвртата сезона од „Претрес“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryrhep47p69eqk3DdBtNU

„Претрес со Ландов“ вечерва ја отвора четвртата сезона, а прв гостин ќе биде пратеникот и функционер на ДУИ, Блерим Беџети. Емисијата почнува во 21 часот и ќе се емитува во живо на landov.mk.

Разговорот ќе биде посветен на повеќе од две децении политичко влијание на ДУИ, период во кој партијата учествуваше во формирањето влади и во изборот на министри и раководители на институции.

Една од централните теми ќе биде тврдењето на ДУИ дека партијата и Албанците во Македонија се цел на политички удари, но и прашањето за одговорноста на партијата за состојбите во државата додека беше дел од власта.

Во интервјуто ќе се разговара за УЧК, Хашим Тачи и пресудата во Хаг, како и за улогата и односите меѓу Али Ахмети и Муса Џафери.

— реклама —

На масата ќе бидат и случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, случувањата поврзани со Рамиз Мерко и лицата од ДУИ кои се најдоа на американската црна листа.

Беџети ќе одговара и на прашања за влијанието на ДУИ врз судството, Законот за употреба на јазиците, националистичката реторика и начинот на кој партијата ја користи етничката поделба во политичките пресметки.

Дел од разговорот ќе биде посветен на односите меѓу ДУИ и ВЛЕН, со прашањето колку двете политички структури навистина се разликуваат и дали граѓаните денес живеат подобро или полошо од претходно.

— реклама —

Ќе се разговара и за плановите на ДУИ за враќање на власт, можните разговори со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и информациите за евентуални предвремени парламентарни избори.

Со првото издание почнуваат новите 11 месеци на „Претрес со Ландов“, под мотото на четвртата сезона – „Спиете ли мирно?“.

— реклама —

Првата емисија од четвртата сезона започнува вечерва во 21 часот, во живо на landov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp16boqiv94am7VaOnXT

Блерим Беџети од ДУИ: 600 евра не се луксуз, туку услов за нормален живот

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-libraryeajdf2kqgpndeEl5is8

Градежна компанија во сопственост на децата на Блерим Беџети е под лупа на Антикорупциска, не била пријавена во имотниот лист

Македонија | пред 8 месеци

media-librarybu4e53r4dcbq73NP25b

Беџети возвраќа: „Пријавата за 1,7 милиони евра е политичка конструкција на Мицкоски за притисок врз ДУИ“

Македонија | пред 10 месеци

media-librarybu4e53r4dcbq73NP25b

Кривична за Блерим Беџети и вработени во Сарај и Град Скопје - ги сомничат за злоупотреби со градежни документи

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања