Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи и движењата на светските берзи.

— реклама —

Како што посочи, според пресметките, бензините од 95 и 98 октани би требало да поевтинат за околу 1,5 денари по литар, додека дизел горивото се очекува да се намали за околу 2,5 денари.

„Очекуваме регулаторната комисија да донесе одлука со која ќе има намалување на цените, што значи дека бензинот од 95 октани би бил околу 82 денари за литар, а дизелот околу 95,5 денари“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој нагласи дека во овие пресметки не се вклучени дополнителните попусти што ги даваат одредени компании, со што реалните цени би можеле да бидат и пониски.

— реклама —

Премиерот истакна дека државата располага со доволни количини на нафта и нафтени деривати и дека снабдувањето е стабилно, и покрај зголемената потрошувачка која, според него, во одредени денови достигнува и до 30 проценти повеќе од просекот.

Според Мицкоски, Владата ќе продолжи со политики за ублажување на ценовните шокови, при што најави и понатамошни анализи и можни мерки во периодот што следи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нов економски притисок врз Европа: Растат цените на енергијата, компаниите го губат оптимизмот

Свет | пред 1 ден

— реклама —
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Горивата може повторно да поевтинат, Мицкоски уверува дека има доволно залихи до Нова година

Македонија | пред 2 седмици

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Горивата и гасот во ЕУ со речиси рекордни цени, се разгледува данок за енергетските компании

Свет | пред 1 месец

media-libraryc33e08pom3lg5P5XArC

Владата денеска ќе го намалува ДДВ за горивата – Мицкоски очекува поевтин дизел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања