Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Папата Фрањо починал утринава, вчера излезе пред толпата во Ватикан и посака „Среќен Велигден“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-04-21-at-10.57.13

Папата Фрањо почина утринава, соопшти Ватикан.

„Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Фрањо се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква“, објави кардиналот Кевин Фарел во изјавата објавена од Ватикан на својот канал Телеграм.

— реклама —

Вчера, на Велигден, папата Франциско неочекувано се појави пред верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан и на толпата накратко им посака: „Среќен Велигден“. Светиот Отец излезе во инвалидска количка и од балконот на базиликата Свети Петар им мавташе на илјадниците насобрани верници кои го поздравија со голем аплауз.

— реклама —

Годинава, за прв пат откако беше избран за папа во 2013 година, Фрањо пропушти поголем дел од ритуалите на Светата недела, вклучително и Велигденското бдение во саботата навечер, каде што празнувањето на миса им го препушти на кардиналите. И покрај се, на Велигден накратко се појави внатре во базиликата, каде пред насобраните луѓе кажа кратка молитва и им подели слатки на децата. На вчерашното појавување тој делуваше многу изнемоштено и исцрпено, а на насобраните само им рече: „Драги браќа и сестри, среќен Велигден“.

— реклама —

Неколку моменти претходно, Фрањо го прими американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс „како дел од приватен состанок од неколку минути“ во неговата резиденција во Ватикан Санти Марти. Тој вчера се сретна и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Папата страдаше од разни болести за време на неговото 12-годишно папство.

Тој беше отпуштен од болница минатиот месец по петнеделен третман поради инфекција која прерасна во билатерална пневмонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата првпат се огласи откако поради рак му беше отстранет дел од белодробното крило

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV опериран во Рим, зафатот поминал според планот

Свет | пред 2 седмици

media-libraryg2bthngk99isbbKixUA

(Видео) Масовен пречек за папата Лав во Шпанија, над милион верници на улиците

Свет | пред 4 месеци

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата во посета на Шпанија и на Канарските острови: фокус на мигрантите и човековите права

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања