Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

(ВИДЕО) Пендаровски во еден ден посети спомен соба на Петре М. Андреевски, библиотека, манастир, граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-2

За време на посетата, претседателот Пендаровски во селото Слоештица ја посети спомен-собата на големиот македонски писателот Петре М. Андреевски, сместена во некогашниот Задружен дом, кој се реконструира и ќе прерасне во нов Мултифункционален центар. Претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните работи на објектот, како и со плановите во спомен-собата, покрај дела од писателот Андреевски, да бидат изложени и негови лични предмети кои ги подари неговото семејство.

Во селото Слепче, претседателот Пендаровски го посети манастирот Св. Јован Претеча, каде беше запознаен со историјатот на манастирот, кој меѓу другото, бил и значајно црковно и манастирско средиште на Охридската Архиепископија, а низ неговата богата историја оформил и богата библиотека со вредни ракописи и книги за богослужбена употреба. Денес манастирот ја продолжува издавачката дејност и творештвото на нова химнографија, а ја возобновува и резбарската школа со автентичен стилски израз. Сестринството се занимава и со сточарство, пчеларство и земјоделство.

— реклама —

Претседателот Пендаровски, во село Бабино, ја посети библиотеката „Ал-Би“, во приватна сопственост на Стево Степаноски. Библиотеката е резултат на 140 годишна семејна традиција во колекционерство. Најстарата книга е Арапски речник од 1307 година. Вкупно во библиотеката има над 20.000 наслови и брои 3.000 читатели од кои голем број видни академици, а има и членови од странство. Во состав на библиотеката има и етномузеј и амфитеатар на отворено.

Во селото Слепче претседателот Пендаровски го посети домот на Гоце Трајчевски, кој е неодминливо место за посета од домашни и странски туристи. Тој дава и личен придонес за инфраструктурното уредување на целото село.

— реклама —

Преку „Лице в лице со Претседателот“ претседателот Пендаровски остварува неформални средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во локалната заедница и во општеството во целост. Целта на проектот е ваквите поединци да станат повидливи, истакнувајќи го нивниот труд и несебичен влог во работата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

siljanovska-filipce

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryaqhsemj5l5gr4cKUcuq

Сиљановска-Давкова за наводите за шпионажа: „Малку сум збунета од објавите на обвинителството“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi9gev62ero448EwMmPz

(Фото) Додека јавноста чека одговори за шпионската афера, Сиљановска-Давкова објави дека уживала на опера со „Мадам Батерфлај“

Македонија | пред 2 седмици

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Мицкоски за аферата со шпионажа кај претседателката Сиљановска: „Тоа се шпионски талог и глодари од минатото“

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања