Промени тема
Контакт

(Видео) Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryl5kmrvr8qee674x7uKQ

Заменик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Бране Петрушевски на денешната прес-конференција побара од Јавното обвинителство да го испита случајот со набавката за која претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изнел обвинувања дека станува збор за криминал вреден 37 милиони евра.

Петрушевски на прес-конференција обвини дека Филипче не реагирал додека СДСМ бил на власт и додека Славјанка Петровска била министерка, туку за случајот проговорил откако, како што тврди, дошло до несогласувања меѓу нив.

— реклама —

„Додека СДС беше на власт, а Петровска беше министерка, Филипче молчеше. За набавката поскапа за 37 милиони евра се сети дури кога се скараа меѓусебно“, рече Петрушевски.

— реклама —

Тој посочи дека јавноста треба да добие одговори за наводите што ги изнел Филипче, нагласувајќи дека обвинувањето за криминал во ваков износ, според него, не треба да биде дел од партиска пресметка.

Петрушевски рече дека го поздравува тоа што Филипче јавно го отворил прашањето, но истовремено повика надлежните институции да го испитаат случајот.

— реклама —

„Го охрабруваме потегот на Филипче да проговори, но исто така го повикуваме и ЈО да го истражи случајот за кој, патем, се доставени сите информации до надлежните институции“, истакна Петрушевски.

— реклама —

„Правда мора да има“, порача тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykj7rhft3jabp22DIV3I

Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи затоа што веруваме дека ги има уште во неговите редови

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryl0309m0hbvukerWzKfp

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl0309m0hbvukerWzKfp

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryb34ptsam9jrk6pMoGXg

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања