„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

(Видео) По дводневна акција: со десет возила и шлепер oд струмичко изнесени уште околу 18 тони марихуана, вкупно над 27 тони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-libraryf6pgriig8jtl5KAEBTa

По два дена интензивна акција, утрово од локацијата во струмичко, каде што се вршеше претрес и заплена, излегоа вкупно 190 возила натоварени со заплена. Според информациите на „Скопје1“, од теренот заминаа четири комбиња, еден мини-камион, пет камиони, осум патнички возила и еден шлепер, со што неофицијално е заокружена заплената на околу 18 тони марихуана од оваа локација.

За разлика од претходната заплена во Скопје, во струмичко за првпат беше вклучен и шлепер, што дополнително укажува на обемот и логистиката на криминалната операција. Според сознанијата, токму оваа локација претставува вториот клучен крак на истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —
— реклама —

Детали за акцијата и натаму не се откриваат. Во јавноста нема информации за сторени кривични дела, ниту за осомничени лица. На ниво на шпекулација е информацијата дека марихуанта се запленува бидејќи е произведена надвор од пропишаните граници на производство кои што биле дозволени. Но ова не е потврдено од ниту една институција.

— реклама —

Претходно, од кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, беа изнесени околу девет тони марихуана. Таму, според нашите извори, беа ангажирани комбиња, камиони и патнички возила, а на теренот, покрај полицијата и истражителите на Обвинителството, имало и медицински екипи, како и возила на Царинската управа.

Со струмичката заплена, вкупната количина одземена марихуана достигнува околу 27 тони, што претставува најголема конфискација на наркотична дрога во Македонија за која досега има сознанија во јавноста.

Акцијата следува по настаните од пред неколку дена во Србија, каде што беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во околината на Крушевац, а во тој предмет се осомничени најмалку пет лица, од кои дел сè уште се недостапни за органите на прогонот.

Во фокусот на македонската истрага е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана за одгледување и преработка на медицински канабис, кај која, според податоците од Централниот регистар, биле забележани промени во сопственичката структура непосредно пред српската заплена.

Од МВР и од Обвинителството засега не соопштуваат дополнителни детали, со образложение дека постапките на терен сè уште траат. Јавноста, како што најавуваат институциите, ќе биде официјално информирана по целосното завршување на акцијата и комплетирањето на истражната постапка, кога се очекува да бидат соопштени и бројот на осомничени лица, како и кривичните дела што ќе им се стават на товар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8ttlch5d7lk0aVOhaT2

„Никој не е сам“: Центар дели пакети за Велигден

Скопје | пред 8 часа

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Охридска полиција гони агенција за јавна набавка: Не ангажирале доволно лиценцирани лица

Охрид | пред 8 часа

media-librarylrvqcj55oi8d63ptYEz

Тешко повреден мопедист во сообраќајка во Скопје

Скопје | пред 8 часа

media-librarygqipt6kcm13i89ieplB

Скопје со бран инциденти: девојка нападната од група, тепачки на повеќе локации

Скопје | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања