Промени тема
Контакт

(Видео) По видеото од прославата на Вардар, Борко Ристовски бара извинување и најавува казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Настани
media-libraryqsf2ol8dgivpeySLwn4

По вчерашното видео на кое фудбалерите на Вардар славеа со навредлива и вулгарна песна денеска се огласи и Министерството за спорт од каде што се најавени санкции.

„Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот.

Слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, а истото сега повторно се повторува.

— реклама —

Министерството за спорт најостро ги осудува ваквите провокации и јавно бара чинителите да и се извинат на македонската јавност. Воедно апелираме вакви случувања во иднина да не се повторуваат, затоа што Министерството за спорт ќе изнајде начин секој ваков настан соодветно да биде санкциониран.

— реклама —

Ги разбираме ривалствата меѓу екипите, но не треба да се заборави дека спортот се игра за публиката и дека сите чинители имаат одговорност кон јавноста и општеството“, стои во реакцијата.

— реклама —
media-libraryf4vlk30jab6td86zVQ6

(Видео) Вардар во кафеана славеше титула: Се пееше вулгарна песна за Битола

Фудбалерите на ФК Вардар вчера ја обезбедија шампионската титула, откако со 1-0 ја совладаа ФК Струга на едно коло пред крајот на првенството.Со тоа, дербито против ФК Шкендија следниот викенд во Скопје нема да има поголемо резултатско значење.По победата, фудбалерите на Вардар славеа во кафеана, а на социјалните мрежи се појави видео на кое пеат вулгарна навивачка песна упатена кон Битола.Снимката брзо почна да се споделува на интернет и предизвика бројни реакции кај јавноста и навивачите.

Спорт | пред 3 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

vardar-komiti

(Видео) Вардар даде четири гола во дербито со Силекс

Спорт | пред 12 часа

275674074_496133758650915_6676344617483907180_n

Херојска акција во центарот на Скопје: Двајца граѓани скокнаа во Вардар и спасија жена

Скопје | пред 2 седмици

DSC_0292

Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryh7f1fft81snm55RzKG9

(Видео) Комитите го „запалија“ Скопје пред шампионската прослава на Вардар

Сцена | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања