Промени тема
Контакт

(Видео) Полицијата бркаше диви таксисти низ Скопје: Нелегалните превозници ќе останат без возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-libraryb3k2hfvhc08naT5SmEp

Град Скопје започна широка и засилена акција против дивите превозници во главниот град, со која, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, конечно треба да се воспостави ред во дејноста на јавниот превоз. Инспекторатот денес излезе на терен, а фокусот е насочен кон нелегалните такси-возила, комбиња и автобуси кои со години работат без лиценци и без каква било контрола.

„Законите мора да се почитуваат, ред ќе има“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека оваа мерка била најавена уште во предизборието. Сега, како што вели, таа се реализира со цел да се заштитат граѓаните и да се обезбеди фер конкуренција меѓу превозниците.

— реклама —

Со новата акција, сите возила кои нелегално вршат превоз ќе бидат одземани на шест месеци, а инспекторатот ќе изрекува казни преку платни налози. Градоначалникот нагласува дека целта не е казнување по секоја цена, туку воспоставување здрав систем во кој секој што работи – работи законски и одговорно.

Засилените контроли ќе продолжат секојдневно и ќе се интензивираат во наредните денови. Од Градот уверуваат дека со ова ќе се подобри безбедноста и предвидливоста на јавниот превоз, а скопјани ќе добијат сигурна услуга без импровизации и ризици.

— реклама —

„Скопје мора да биде град во кој законите важат за сите, во кој редот е правило, а не исклучок“, порача Ѓорѓиевски, најавувајќи продолжување на акциите за уредување на градот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

52-годишен маж нападнал 17-годишник во Гостивар

Македонија | пред 42 минути

— реклама —
media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

10-годишно дете тешко повредено откако било удрено од автомобил во Скопје

Македонија | пред 43 минути

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Двајца малолетници учествувале во сообраќајка во Арачиново меѓу „голф“ и мопед, еден тешко повреден

Македонија | пред 44 минути

media-libraryt99h4t306e1u5cc8a0J

Се заканувал на поранешната сопруга во јавна институција

Македонија | пред 46 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања