Промени тема
Контакт

(Видео) Поплави во Австралија, загина едно лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library30e8usccrkk89Uzq1sX

Австралиските власти соопштија дека 20 лица биле спасени од поплавните води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, откако поради обилните врнежи жителите биле предупредени да се преместат на повисоки места.

Во Сиднеј, главниот град на сојузната држава и најголем град во земјата, жителите и туристите биле евакуирани доцна во саботата откако опасни поплави го зафатија ниското предградие Нарабин, соопштија надлежните.

Екипите на итните служби интервенирале во повеќе од 1.400 инциденти низ сојузната држава од почетокот на дождовите во саботата, при што најголем дел од спасувањата се однесувале на лица кои се обидувале да возат низ поплавени патишта.

— реклама —
— реклама —

„Имаше бројни ненадејни поплави поради кои беа затворени патишта и очекуваме некои од нив да останат затворени до понатамошно известување“, изјави заменик-државната комесарка за итни служби, Соња Ојстон.

Властите предупредија дека денеска се можни дополнителни бури јужно од Сиднеј.

— реклама —

Една жена го загубила животот откако врз неа паднала гранка од дрво во близина на Вулонгонг, околу 66 километри јужно од Сиднеј, за време на силното невреме, јави јавниот радиодифузен сервис АБЦ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

poplavi-nepal

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Непал: Повеќе од 1.300 загинати

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylo6mbq3msm8k0t955k0

Силни дождови и поплави во Кенија – загинаа 108 лица

Свет | пред 5 месеци

media-libraryjhm8as5ra8506PPuooj

(Видео) Хаваи погодени од најсилни поплави во последниве 20 години

Свет | пред 5 месеци

media-libraryb65ut8bi435o1LjxGMj

Oштетени околу 500 објекти во село Форино: Црвениот крст обезбедува итна помош за семејствата

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања