„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(Видео) Поплавите во Нигерија ги принудија луѓето да ги напуштат своите домови, но на улиците крокодили и змии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
neKk9kpTURBXy8wN2VlNTI1NGQ1NGNmZTU5MzE4ZmE5YjM5NjFhMzU1MS5qcGeRkwLNAf4AgaEwBQ

Поплавите во северна Нигерија убиле повеќе од 80 отсто од животните во големата зоолошка градина која била дом на бројни диви видови, вклучувајќи лавови, крокодили, биволи и ноеви, соопштија претставници на зоолошката градина.

— реклама —

„Поради поплавите, опасни животни како крокодили и змии стигнаа до околните населби“, се вели во соопштението на зоолошката градина во паркот Санда Кјарими во врска со поплавите во нигериската сојузна држава Борно, со апел до жителите да бидат внимателни.

— реклама —

Поплавите започнаа кога брана се прелеа по обилните дождови, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.

Катастрофата погоди и други клучни објекти во главниот град на државата Борно, Мајдугури, вклучително и пошта и болница, соопшти кабинетот на нигерискиот претседател Бола Тинубу. Претседателот, исто така, ги повика луѓето да се евакуираат од најтешко погодените области.

„Во оваа куќа живееме 20-тина од нас. Овде сум со членовите на моето пошироко семејство. Немаме ништо - се преселивме на училиште пред повеќе од три недели. Немаме кревет, мрежа против комарци, храна или пари. Јас сум земјоделец и рибар, но немаме што да правиме, децата се болни, а ние немаме средства да ги однесеме во болница, пренесува Гардијан.

Претседателот Тинубу изрази искрено сочувство до владата и народот на државата Борно, особено до семејствата кои ги загубија средствата за егзистенција поради катастрофата предизвикана од прелевањето на браната Алау. Тој нагласи и дека хуманитарните потреби ќе се решат што е можно поскоро.

Поплавите во североисточна Нигерија минатиот месец однесоа најмалку 49 животи, додека во катастрофалните поплави во 2022 година загинаа повеќе од 600 луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb65ut8bi435o1LjxGMj

Oштетени околу 500 објекти во село Форино: Црвениот крст обезбедува итна помош за семејствата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryomru5ngq27541vSHOld

250 евакуирани во Кичево, меѓу нив и бебе од само еден месец

Македонија | пред 2 седмици

media-library2b09m5rfok0825vZxjM

Поплави во Кичево, Сарај и Тетово: Екипите спасиле заглавени граѓани во Беловиште

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryigm347k2t35hbQgL0r2

Критична ситуација во Гостивар и Кичево – поплавени куќи и земјоделски површини, евакуирани 220 лица

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања