Промени тема
Контакт

(Видео) Посмртните останки на телохранителите на Мадуро пристигнаа на Куба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library3k31prn2nm477Q4z21h
Х

Кубанската државна телевизија вчера наутро во живо го пренесуваше враќањето на посмртните останки на 32 кубански државјани кои загинаа во американските напади врз Венецуела за време на операцијата изведена во раните утрински часови на 3 јануари, чија цел беше заробување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро.

Останките пристигнаа во кутии помали од ковчези, прекриени со кубанското знаме. Со години Куба испраќа илјадници свои граѓани во Венецуела, а за возврат добиваше испораки на нафта. Меѓу испратените Кубанци има наставници и лекари, но и разузнавачки агенти и припадници на обезбедувањето.

— реклама —

Кубанскиот претседател изјави дека луѓето не стануваат големи поради материјалното богатство.
Њујорк тајмс во декември објави дека, соочен со растечки американски воен притисок, Мадуро ја проширил улогата на кубанските телохранители во сопственото обезбедување и распоредил дополнителни кубански контраразузнавачи во венецуелските вооружени сили.

Посмртните останки на меѓународниот аеродром во Хавана ги пречекаа кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, министерот за внатрешни работи Ласаро Алберто Алварес Касас и други високи функционери на Комунистичката партија на Куба.

— реклама —
— реклама —

„Непријателот еуфорично зборува за високопрецизни операции, за елитни сили, за надмоќ. Ние, од друга страна, зборуваме за семејства кои изгубија татко, син, сопруг, брат. Луѓето не стануваат големи поради материјалното богатство, туку поради способноста да го зачуваат споменот на своите херои“, изјави Алварес на аеродромот.

Трамп: Венецуела повеќе не треба заштита од насилници и уценувачи
Соборувањето на Мадуро претставува тежок удар за Куба, која во голема мера се потпираше на венецуелската нафта за одржување на економијата. Испораките на нафта од Венецуела практично престанаа. Економистите оценуваат дека кубанската економија е во слободен пад откако американската влада го прекина дотокот на венецуелска нафта.

— реклама —

Во неделата американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи порача дека „повеќе нема да има ниту нафта ниту пари“ кои од Венецуела одат кон Куба. „Венецуела повеќе не треба заштита од насилници и уценувачи кои со години ја држеа како заложник. Венецуела сега ги има Соединетите Американски Држави, најмоќната војска во светот, да ја штитат – и ние ќе ја штитиме“, најави Трамп.

Губењето на венецуелската нафта би било катастрофално за Куба, смета Хорхе Пињон, поранешен нафтен менаџер во Мексико и експерт за енергетика на Универзитетот во Тексас во Остин. Тој наведува дека Венецуела ѝ обезбедувала на Куба приближно една третина од нејзините дневни потреби за гориво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Расте бројот на жртвите во Венецуела: Потврдени 6.509 загинати

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 1 месец

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 месец

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања