Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша беше прекинат откако дел од присутните граѓани упаднаа на настапот и почнаа да ѝ дофрлуваат погрдни зборови.
Според снимки и сведоштва од настанот, полицијата интервенирала и ја придружила пејачката до нејзиното возило, додека дел од публиката продолжила со навредите.
Настанот заврши порано од планираното, а атмосферата на местото била напната. Засега нема информации дали некој е приведен или повреден во инцидентот.
Карлеуша изминатиот период, отворено го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ, а упатува навреди кон студентите и граѓаните кои протестираат.