„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Припадниците на АРМ и МВР денес учествуваа на здружена вежба „Есенска бура-18“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG-1af7d99f7c1aa222e9e6ac96675981b0-V

— реклама —

Припадниците на АРМ и МВР, кои учествуваа на здружената вежба „Есенска бура-18“, денеска на армискиот полигон „Криволак“, демонстрираа координиран настап при справување со ситуации и постапки поврзани со кризниот менаџмент.

— реклама —

„На денот за високи гости, специјалните единици на АРМ и МВР, со поддршка од хеликоптерските единици, воената полиција, пешадиските единици, како и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, го покажаа својот потенцијал за ефективно справување во разни ситуации. Притоа беа прикажани вежби на упад во просторија, напад на терористички камп, изведување на препад, заседа, справување со нарушување на јавен ред и мир при заложничка криза и други постапки.

budByMi8au8

На вежбата „Есенска бура-18“, која се реализира во период од 8 до 13 ноември, припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции (баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон), Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваа вежбовни активности со цел унапредување на меѓусебната интероперабилност и кризниот менаџмент како одговор на можните закани“, стои во соопштението од МВР.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања