Промени тема
Контакт

(Видео) Продолжува дезинсекцијата во Скопје: Спроведена десеттата фаза против комарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library8n2cdplblq6e6rdoVTc

Во раните утрински часови денеска на подрачјето на Скопје беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Според него, активностите ќе продолжат и утре, во согласност со Годишната програма, законските обврски и Елаборатот подготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Во текот на изминатите месеци беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарците. Авионска дезинсекција против ларви беше спроведена на 7 мај, 11 јуни и 10 јули, додека теренски третмани беа извршени на 26 јуни и 23 јули.

— реклама —

За сузбивање на возрасните комарци беа реализирани авионски третмани на 1 и 2 јуни, како и на 27 и 28 јуни, додека теренска дезинсекција беше спроведена на 18 и 20 јуни, како и на 13 и 15 јули.

Ѓорѓиевски најави дека и следната недела ќе се реализира дополнителна теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително намалување на бројот на комарците и заштита на здравјето на граѓаните.

— реклама —

Тој посочи дека Градот ќе продолжи со навремено и системско спроведување на мерките за заштита на јавното здравје и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје викендов

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Скопје од вечерва започнува со прскање против комарци

Скопје | пред 2 дена

media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

На 9 септември ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Скопје | пред 1 седмица

media-library2ustokk435f46lGGpOI

Скопје ја засилува борбата против комарците: Спроведена 14-тата авионска дезинсекција

Скопје | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања