Промени тема
Контакт

(Видео) Пукање на прослава на матура во Калифорнија: Загина 18-годишник, меѓу ранетите и дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library7g9l45rp0kr5cdKTgK6

Осумнаесетгодишно момче е убиено, а уште три лица се повредени во вооружен напад што се случил по церемонија на доделување дипломи во градот Ферфилд, северно од Сан Франциско.

— реклама —

Според локалните власти, полицијата интервенирала околу 19:15 часот по локално време, по пријава за пукање на паркинг во близина на средно училиште.

Меѓу повредените се 11-годишно дете, како и две лица на возраст од 20 и 25 години. Од полицијата соопштија дека истрагата е во тек и дека засега нема информации што укажуваат на непосредна закана за безбедноста на заедницата.

— реклама —

Детали за можниот напаѓач сè уште не се соопштени.

— реклама —

Според училишниот округ Ферфилд-Суисун, инцидентот се случил по церемонијата за доделување дипломи на средното училиште „Сем Јето“, кое го дели кампусот со средното училиште во Ферфилд.

Очевидци изјавиле дека во моментот на пукањето на паркингот имало ученици, членови на нивните семејства и пријатели што фотографирале матуранти. По истрелите настанала паника, а присутните почнале да бегаат во обид да се спасат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

chatGPT

Калифорнија ја ограничува употребата на вештачката интелигенција на работните места

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryfat0pm7kd8tpcRSKkfi

Калифорнија забранува продажба на еднократни вејпови

Свет | пред 1 седмица

media-librarydgmot744tcrh7O3l2Jw

Кучињата имаат своја „библиотека“ со стапчиња на плажа во Калифорнија

Вирално | пред 1 месец

media-library13oplobg1kcmbrrHNGh

Топлото море ги приближи ражите до брегот: Над 3.100 убоди кај капачите

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања