Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени
Околу 4.600 домови и најмалку 16.000 луѓе се загрозени од шумските пожари што беснеат во јужна Калифорнија. Во повеќе области се издадени наредби за евакуација, а стотици пожарникари се борат со огнената стихија.Пожарот „Норте“, во близина на Сан Клементе, на околу 90 километри јужно од Лос Анџелес, за само неколку часа зафатил површина од околу два квадратни километри. На терен се околу 400 пожарникари, а уште толку се упатени кон местото. Двајца пожарникари се повредени и пренесени во болница.
Свет | пред 1 седмица