Промени тема
Контакт

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Свет
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA
screenshot x

Околу 4.600 домови и најмалку 16.000 луѓе се загрозени од шумските пожари што беснеат во јужна Калифорнија. Во повеќе области се издадени наредби за евакуација, а стотици пожарникари се борат со огнената стихија.

— реклама —

Пожарот „Норте“, во близина на Сан Клементе, на околу 90 километри јужно од Лос Анџелес, за само неколку часа зафатил површина од околу два квадратни километри. На терен се околу 400 пожарникари, а уште толку се упатени кон местото. Двајца пожарникари се повредени и пренесени во болница.

— реклама —
— реклама —

Во опасност се и домовите во крајбрежниот град Малибу, каде што пожарот „Брајсон“ избувнал во четвртокот вечерта. Неколку стотици жители морале да ги напуштат своите домови, а најмалку еден пожарникар е повреден.

Температурите во некои делови од јужна Калифорнија надминале 30 степени Целзиусови. Метеоролозите најавуваат силни и суви ветрови „Санта Ана“, кои можат брзо да го прошират огнот. Поради опасноста, електродистрибутивната компанија „Садерн Калифорнија Едисон“ превентивно го прекинала снабдувањето со електрична енергија во особено загрозените области, бидејќи силните налети на ветер можат да оштетат електрични столбови и далноводи и да предизвикаат искри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 1 седмица

media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања