Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Во Калифорнија спречена катастрофа, опасноста од експлозија помина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarys5puud7nate1eZ0CnBG

Противпожарните служби во јужна Калифорнија соопштија дека по неколкудневна борба со прегреан резервоар со опасни хемикалии успешно е отстранета опасноста од експлозија.

— реклама —

Кризната состојба се одвивала во фабриката на воздухопловната компанија GKN Aerospace во Гарден Гроув.

Драмата започнала минатиот четврток кога во погонот почнал да се прегрева резервоар со метил метакрилат – лесно запалива хемикалија што се користи во воздухопловната индустрија.

— реклама —

Поради опасноста, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, во саботата прогласил вонредна состојба, а биле издадени и наредби за евакуација на подрачје каде што живеат десетици илјади луѓе.

media-library0lo2f3neo89ufQpwU1N

(Видео) Опасност од експлозија во Јужна Калифорнија: десетици илјади жители евакуирани

Спасувачките екипи во Јужна Калифорнија продолжуваат со трката со времето за да спречат истекување или катастрофална експлозија на огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија, поради што десетици илјади жители остануваат евакуирани.Околу 50.000 луѓе во округот Оринџ добиле наредба за евакуација, а гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба.Проблемот бил откриен во фабриката на компанијата „ГКН Аероспејс“ во Гарден Гроув, каде што спасувачките тимови забележале пукна

Свет | пред 4 месеци

— реклама —

Постоело стравување дека резервоарот, кој содржел околу 26.500 литри токсична супстанција, би можел да пукне или да експлодира и да ги загрози околните објекти.

Пресврт во ситуацијата настанал за време на викендот кога на резервоарот се појавила пукнатина што помогнала да се намали притисокот.

Според пожарникарите, резервоарот постепено почнал да се лади, со што била елиминирана опасноста од експлозија.

„Ова се исклучително добри вести“, изјавил Крег Кови од Противпожарната служба на округот Оринџ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 9 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 21 час

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања