Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Се урна американски бомбардер Б-52 во Калифорнија, стравувањата се дека нема преживеани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryq00amtlnq07leNZusGA

Американски стратешки бомбардер Б-52 „Стратофортрес“ се урна во Калифорнија кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс, јавува Би-Би-Си.

Инцидентот се случил околу 11:20 часот по локално време, а од базата потврдија дека авионот се срушил непосредно по полетувањето. Засега нема официјални информации за бројот на жртви или повредени, но според првичните информации постојат стравувања дека во леталото нема преживеани.

— реклама —

На местото на несреќата веднаш биле испратени спасувачки и противпожарни екипи.

„На местото на несреќата веднаш се упатени итните служби и ситуацијата е во тек. Повеќе информации ќе бидат објавени штом станат достапни“, соопштија од воздухопловната база.

— реклама —

Снимки од воздух покажуваат голема опожарена површина и густ црн чад кој се издига над местото каде што се урнал авионот.

Б-52 „Стратофортрес“ е еден од најпрепознатливите авиони во американската воена историја и е во употреба уште од 1950-тите години. Станува збор за стратешки бомбардер со долг дострел, способен да носи конвенционално и нуклеарно вооружување.

— реклама —

Леталото може да достигне височина од околу 15.000 метри и да понесе товар од повеќе од 30 тони. Благодарение на можноста за дополнување гориво во воздух, неговиот оперативен дострел практично е неограничен.

Вообичаено, екипажот на Б-52 го сочинуваат пет лица – командант, пилот, навигатор, радарски навигатор и офицер за електронско војување.

Причините за несреќата засега не се познати, а надлежните служби започнаа истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 7 часа

— реклама —
Policija

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Свет | пред 17 часа

rast-na-berzi

Волстрит расте и покрај стравувањата од ново зголемување на каматите во САД

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања