Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Хорор во засолниште за животни во Калифорнија: Пронајдени тела на 117 кучиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-libraryotueofa9cqe1bqrd7jX
screenshot youtube

Во засолниште за животни во северна Калифорнија, кое се претставувало како засолниште што не ги усмртува животните, истражителите пронашле тела на 117 кучиња во различна фаза на распаѓање, а кај многу од нив биле забележани прострелни рани.

Станува збор за засолништето „Мирандас Рескју Енимал Санкчуари“ во градот Фортуна, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Хумболт.

— реклама —

Истрагата била покрената по сомнежи за измама и злоупотреба на животни, како и по сознанијата дека од засолништето исчезнале стотици животни.

Според властите, од почетокот на 2025 година засолништето примило околу 900 животни, додека во истиот период биле евидентирани само 116 вдомувања. Повеќе од 700 животни не биле пронајдени.

— реклама —

При претресот на имотот, истражителите откриле и околу 600 огрлици за кучиња, 21 кучешки череп и стотици други коски.

— реклама —

Рендгенските снимки на 70 тела покажале фрагменти од куршуми, а првичните анализи укажуваат дека голем број од животните биле убиени со огнено оружје.

Истражителите соопштија дека на имотот пронашле и штала за која се сомневаат дека била користена за убивање кучиња.

— реклама —

Сопственикот на засолништето, Шенон Миранда, ги отфрли обвинувањата и тврди дека животните биле евтаназирани само во исклучителни случаи, кога биле тешко болни или претставувале опасност.

Засега против него не е поднесено обвинение, а истрагата продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7g9l45rp0kr5cdKTgK6

(Видео) Пукање на прослава на матура во Калифорнија: Загина 18-годишник, меѓу ранетите и дете

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarycuf98i3qj3nl8XjXZxL

(Видео) Драма во банка во Калифорнија: Напаѓач држи заложници, преговорите траат со часови

Свет | пред 3 седмици

media-libraryc165hl1u3f8nemsdfqG

(Видео) Евакуирани повеќе од 44.000 луѓе во Калифорнија поради опасност од експлозија на токсичен резервоар

Свет | пред 1 месец

media-libraryqd7jjnhb7t3saERRVJz

(Видео) Илјадници луѓе евакуирани поради голем пожар во Калифорнија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања