Албанскиот премиер, Еди Рама, објави ново видео на Фејсбук од масовното уривање на дивоградби ширум Албанија, овој пат од Драч.
Рама имаше само кратка порака во својата објава „ЕУ“.
Акцијата опфаќа отстранување времени објекти и огради поставени на тротоари и на јавни простори, а општините се задолжени да ги урнат сите градби на оние што не ги почитуваат официјалните одлуки.
Државата ја претстави и апликацијата „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат директно да пријават узурпација на јавен простор, со што институциите ќе имаат побрз пристап до информации и ќе реагираат поефикасно.