Промени тема
Контакт

(Видео) Расте бројот на жртви во Колумбија: 281 загинат, 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library76a8cgenbdoe059F8wG

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Колумбија во почетокот на неделата достигна 281, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по стотици лица кои се водат како исчезнати.

Според колумбиските власти, во земјотресот со јачина од 7,4 степени биле повредени 3.971 лица, додека 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати, објави ЕФЕ.

Земјотресот во понеделникот го погоди западниот дел на земјата и предизвика големи разурнувања во повеќе градови. Оштетени се голем број домови, училишта, болници и друга критична инфраструктура.

— реклама —

Епицентарот бил регистриран во близина на Сан Хозе дел Палмар, во департманот Чоко, а силните потреси биле почувствувани и во други делови на Колумбија, меѓу кои и главниот град Богота, како и во соседните земји.

Спасувачките служби продолжуваат со пребарување на урнатините во обид да пронајдат преживеани. Властите предупредуваат дека времето за спасување на луѓето кои можеби се заробени под урнатините е сè пократко.

— реклама —

Помош за погодените најави и Европската Унија, која ќе издвојува два милиони евра за поддршка на Колумбија во справувањето со последиците од катастрофата.

— реклама —

„Додека операциите за пребарување и спасување се во тек, ЕУ ја поддржува Колумбија со сите расположливи ресурси“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu2jf2m547c19d2clZ56

(Видео) Исцрпен до последен здив, но не се откажува: Кучето спасувач во Колумбија ги трогна сите со својата пожртвуваност

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Колумбија во трка со времето: Најмалку 250 загинати, спасувачите сè уште бараат преживеани

Свет | пред 1 месец

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Бројот на жртвите во Колумбија надмина 250: цели градови се разурнати, спасувачите не се откажуваат

Свет | пред 1 месец

media-librarypsdiabm73h8c9n862Rg

(Видео) Го слушнале плачот под урнатините: Спасувачите извлекоа живо бебе по земјотресот во Колумбија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања