Промени тема
Контакт

ЗЕМЈОТРЕС КОЛУМБИЈА

media-library76a8cgenbdoe059F8wG

(Видео) Расте бројот на жртви во Колумбија: 281 загинат, 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Колумбија во почетокот на неделата достигна 281, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по стотици лица кои се водат како исчезнати.Според колумбиските власти, во земјотресот со јачина од 7,4 степени биле повредени 3.971 лица, додека 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати, објави ЕФЕ.Земјотресот во понеделникот го погоди западниот дел на земјата и предизвика големи разурнувања во повеќе градови. Оштетени се голем број домови, училишта,

Свет | пред 2 седмици

media-libraryu2jf2m547c19d2clZ56

(Видео) Исцрпен до последен здив, но не се откажува: Кучето спасувач во Колумбија ги трогна сите со својата пожртвуваност

Едно од кучињата ангажирани во спасувачките операции во Кали, Колумбија, стана симбол на пожртвуваност откако снимка од теренот се прошири на социјалните мрежи.На видеото се гледа како кучето, по долга и исцрпувачка потрага низ урнатините, добива вода и медицинска нега од спасувачките екипи.Иако очигледно е изморено, кучето не мирува. Додека се опоравува, постојано покажува интерес да се врати на местото на потрагата и повторно да помогне во пронаоѓањето преживеани.Снимката предизвика голем број

Свет | пред 2 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Колумбија во трка со времето: Најмалку 250 загинати, спасувачите сè уште бараат преживеани

Спасувачките екипи во Колумбија водат трка со времето за да пронајдат преживеани кои останале заробени под урнатините, два дена по силниот земјотрес во кој, според досегашните податоци, загинале најмалку 250 лица.Градоначалникот на Кали, Алехандро Едер, предупреди дека останува помалку од еден ден до истекот на 72-часовниот период по земјотресот, кога шансите за пронаоѓање преживеани се значително поголеми.„Ќе продолжиме да работиме и по тој рок, но важно е денес да спасиме што е можно повеќе лу

Свет | пред 2 седмици

media-librarymr19t00ihsav10amSvs

ЕУ испраќа 2 милиони евра помош за Колумбија по разорниот земјотрес

Европската Унија ќе обезбеди два милиони евра помош за Колумбија по разорниот земјотрес што ја погоди земјата во неделата, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.„Додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, ЕУ ѝ помага на Колумбија со сите расположливи средства“, порача фон дер Лајен.Колумбија побара меѓународна помош преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, преку кој се координира поддршката од сите 27 земји членки. Европската Унија го активираше и

Свет | пред 3 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Бројот на жртвите во Колумбија надмина 250: цели градови се разурнати, спасувачите не се откажуваат

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што во понеделникот го погоди западниот дел на Колумбија се искачи на 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините во потрага по преживеани.Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени, најсилен регистриран во земјата во овој век, предизвика големи разурнувања на станбени згради, училишта и болници, особено во Переира и Кали. Според податоците од погодените градови, во Переира загинале 101 лице, а во Кали се регистрирани 95 жр

Свет | пред 3 седмици

media-librarypsdiabm73h8c9n862Rg

(Видео) Го слушнале плачот под урнатините: Спасувачите извлекоа живо бебе по земјотресот во Колумбија

Спасувачките екипи во Колумбија успеале да извлечат живо бебе од урнатините на станбена зграда која се урнала по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што во понеделникот го погоди западниот дел на земјата.Еден од спасувачите раскажал дека бил на околу еден и пол блок од зградата кога го слушнал уривањето. Веднаш се упатил кон местото и почнал да ги повикува луѓето кои можеби биле заробени под урнатините.Од купиштата бетон се јавил маж кој рекол дека е заробен заедно со бебето. Неколку л

Свет | пред 3 седмици

media-libraryrbb0cpvsf72s5fg9rxK

(Видео) Драматично видео од земјотресот во Колумбија: Работници останаа заробени на конструкција од објект кој го градеа

Снимка од земјотресот во Колумбија го покажува драматичниот момент кога градежни работници во Богота се држеле за челичните носачи на објект во изградба, додека зградата силно се нишала за време на земјотресот со јачина од 7,4 степени.На видеото се слуша како еден од работниците ги повикува колегите да останат мирни, додека самиот во паника се моли и бара помош. Бидејќи не можеле веднаш да го напуштат објектот, работниците чекале потресите да стивнат, држејќи се за конструкцијата.Откако нишањето

Свет | пред 3 седмици

media-library2h4vf3ie7p828cTSBXL

(Видео) Семејство за влакно избегна трагедија: Излегле од куќата пред силниот земјотрес да ја погоди Колумбија

Семејство во западна Колумбија за малку избегнало трагедија, откако успеало да го напушти својот дом непосредно пред тој да биде силно погоден од земјотресот со магнитуда од 7,4 степени.Семејството го снимило моментот кога излегува од куќата, само кратко пред силниот потрес да го затресе објектот. Земјотресот е најсилниот што ја погодил Колумбија од 1970 година.Потресот бил и меѓу најсилните регистрирани во светот годинава – десеттиот земјотрес во 2026 година со магнитуда од најмалку 7,0 степени

Свет | пред 3 седмици

media-library6f99vkbui4gd9fopKGE

Бројот на загинати во Колумбија се искачи на 224

Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера ја погоди западна Колумбија се искачи на 224, според последните податоци на локалните власти што ги пренесува „Ројтерс“. Спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините, а властите очекуваат бројот на жртвите да може дополнително да се зголеми.Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени ја погоди Колумбија вчера во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 103 километри,

Свет | пред 3 седмици

media-library4forir9cot8v0azfBX4

Мајка и нејзиното шестмесечно бебе извлечени живи од урнатините во Колумбија

Мајка и нејзиното шестмесечно бебе биле извлечени живи од урнатините по силниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по луѓе заробени под урнатите објекти.Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени ја погоди земјата на 10 август, со епицентар во близина на Сан Хозе дел Палмар во областа Чоко. Потресот предизвика големи разурнувања во повеќе делови од Колумбија, а бил почувствуван и во соседните земји.Спасувачите и локалните жители со часови ги пребар

Свет | пред 3 седмици

media-librarymr19t00ihsav10amSvs

Драма во Колумбија: Фудбалер исчезна по разорниот земјотрес

Разорниот земјотрес што ја погоди Колумбија во понеделникот предизвика загриженост и во тамошната фудбалска јавност, откако прволигашот Депортиво Переира остана без информации за својот фудбалер Мигел Паласиос.Паласиос по тренингот се вратил во својот крај, по што му се губи секаква трага. Клубот веднаш започнал потрага по него, но засега нема информации за неговата состојба и каде се наоѓа.Тренерот Артур Рејес за WIN Sports изјавил дека семејствата на фудбалерите се безбедни и дека нема повреде

Свет | пред 3 седмици

media-librarymh2skmlsetor3fq9fEF

(Видео) Зграда се урна за неколку секунди по силниот земјотрес во Колумбија, бројот на жртви надмина 100

Најтешките последици од разорниот земјотрес што ја погоди Колумбија се регистрирани во Перејра, еден од главните градови во регионот познат по производството на кафе. Според последните податоци, во градот загинале најмалку 47 лица, додека вкупниот број на жртви во земјата достигна најмалку 111.На социјалните мрежи се појави снимка од моментот кога една зграда во Перејра целосно се урна за само неколку секунди. Сцената предизвикала дополнителна паника меѓу граѓаните кои по земјотресот излегле на

Свет | пред 3 седмици

media-library4forir9cot8v0azfBX4

(Видео) Најмалку 132 загинати во разорниот земјотрес во Колумбија, бројот на жртви се очекува да расте

Најмалку 132 лица загинаа, а повеќе од 480 се повредени по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија, при што спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по луѓе заробени под урнатините.Земјотресот бил регистриран во понеделникот во 7:34 часот по локално време, на длабочина од околу 103 километри во покраината Чоко. Потресот бил почувствуван на широк простор во западниот дел на земјата.Најголем број жртви се регистрирани во градот Переира, додека последици има и во око

Свет | пред 3 седмици

media-libraryclbfpi2d5tk85MPRMPt

Нов пораст на жртвите во Колумбија: 47 загинати само во Переира, вкупно 82

Бројот на загинати во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија се искачи на 82 лица, откако пристигнаа нови податоци за состојбата во Переира, еден од најтешко погодените градови.Шефот на локалната полиција, Оскар Леонел Очоа, за „Каракол Радио“ изјавил дека само во Переира загинале 47 лица. Претходно, градоначалникот Маурисио Салазар соопшти дека во градот има 40 жртви, додека властите на департманот Рисаралда известија за 42 загинати на целата територија на департм

Свет | пред 3 седмици

media-librarymr19t00ihsav10amSvs

Колумбија прогласи „национална катастрофа“ по силниот земјотрес

Колумбиската влада прогласи „национална катастрофа“ по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени, кој погоди повеќе департмани во земјата и однесе повеќе од 70 животи.Одлуката е донесена поради големината на последиците од земјотресот, чиј епицентар бил во департманот Чоко. Вонредниот одбор за управување со катастрофи, предводен од новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела, го прогласи статусот со цел да се забрза мобилизацијата на средства за помош на погоденото население и проц

Свет | пред 3 седмици

media-library6f99vkbui4gd9fopKGE

Во Переира бројот на загинати порасна од 18 на 40, во Колумбија вкупно 74 жртви

Бројот на загинати во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија се искачи на 74 лица, според последните податоци на локалните власти.Најголем пораст на бројот на жртви е регистриран во Переира. Градоначалникот Маурисио Салазар соопшти дека таму загинале 40 лица, откако претходно беше објавено дека има 18 жртви.Во департманот Ваље дел Каука се потврдени 27 загинати, додека властите во Чоко, каде што се наоѓал епицентарот на земјотресот, известиле за четири жртви.Во Ман

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски изрази солидарност со Колумбија по разорниот земјотрес

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази солидарност со Колумбија по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди земјата.„Нашето сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите и до сите погодени. Секоја загуба на човечки живот е трагедија“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.Тој посочи дека земјотресот го погодил и Еквадор и дека сè уште има луѓе заробени под урнатините.„Ја изразуваме целосната поддршка и солидарност со народот на Колумбија и со сите погоден

Свет | пред 3 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Бројот на жртви од силниот земјотрес во Колумбија се искачи на 53

Бројот на жртви во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија се искачи на најмалку 53 лица, според последните податоци од локалните власти.Најмногу жртви, 27, се потврдени во департманот Ваље дел Каука, каде што се наоѓа Кали. Во Переира, главниот град на департманот Рисаралда, загинале најмалку 18 лица.Гувернерката на Чоко, Нубија Каролина Кордоба, потврдила уште четири смртни случаи во овој департман, каде што се наоѓал епицентарот на земјотресот. Во Манисалес, глав

Свет | пред 3 седмици

media-library4forir9cot8v0azfBX4

Расте бројот на жртви во Колумбија: Најмалку 27 лица загинаа во земјотресот

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Колумбија се искачи на најмалку 27 лица, според досега објавените податоци од локалните власти.Најновата потврдена жртва е 73-годишен маж од Тамесис, во департманот Антиокија. Гувернерот Андрес Хулијан Рендон соопшти дека мажот загинал во одрон на карпи предизвикан од земјотресот.Претходно беа потврдени жртви во Переира, Манизалес и Буенавентура, како и во неколку места во департманот Ваље дел Каука.Бројот на загинати би можел дополнително да

Свет | пред 3 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Трамп е подготвен да ѝ помогне на Колумбија по силниот земјотрес

Американската администрација внимателно ја следи ситуацијата во Колумбија по силниот земјотрес што ја погоди земјата, а Вашингтон е подготвен да понуди помош.Американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека администрацијата на Доналд Трамп „внимателно ја следи“ состојбата по земјотресот.„Соединетите Американски Држави се подготвени да им дадат поддршка на граѓаните на Колумбија“, напиша Рубио на социјалната мрежа „Икс“.Тој ги повика американските државјани кои во моментот се наоѓаат во Кол

Свет | пред 3 седмици

media-libraryclbfpi2d5tk85MPRMPt

Бројот на жртви од земјотресот во Колумбија расте: загина 73-годишен маж

Бројот на жртви од силниот земјотрес во Колумбија е зголемен, откако гувернерот на Антиокија, Андрес Хулијан Рендон, пријави уште едно лице загинато во овој регион.Според него, 73-годишен маж од Тамесис загинал откако врз него се урнале карпи при одрон предизвикан од земјотресот.„Со тага ја соопштувам смртта на жител на Тамесис. 73-годишен маж почина како последица на одрон на карпи“, објави Рендон, изразувајќи сочувство до неговото семејство и жителите на општината.Ова е нова жртва поврзана со

Свет | пред 3 седмици

media-library8ns4hgvh6fbv1BfjrV1

(Видео) Снимка од моментот кога силниот земјотрес ја погоди Колумбија

Најмалку 22 лица загинаа во силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што во понеделникот го погоди западниот дел на Колумбија.Најмногу жртви, 18, се потврдени во Переира, додека три лица загинале во Манизалес, а едно во Буенавентура.Епицентарот на земјотресот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар, во департманот Чоко. Силниот потрес предизвикал голема материјална штета во повеќе градови, а бил почувствуван и во Богота и надвор од границите на Колумбија.Во Кали се урнале околу 20 згради, при ш

Свет | пред 3 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

(Видео) Снимки од земјотресот во Колумбија од 7,4 степени, пријавени повредени и сериозни штети

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди западниот дел на Колумбија, а потресот бил почувствуван во повеќе градови низ земјата.Според Американскиот геолошки завод (USGS), земјотресот бил регистриран во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на местото Сан Хозе дел Палмар, во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри.Гувернерката на Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврдила дека од главниот град Кибдо пристигнуваат информации за повредени лица и сериозно ош

Свет | пред 3 седмици

media-libraryr672be56928kal6EAzd

Земјотрес од 7,1 степени ја погоди Колумбија

Силен земјотрес со прелиминарна магнитуда од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Колумбија, соопштуваат европските сеизмолошки служби.Епицентарот на земјотресот бил на околу 29 километри северозападно од Картаго.Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица. Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања