Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ЕУ испраќа 2 милиони евра помош за Колумбија по разорниот земјотрес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarymr19t00ihsav10amSvs
screenshot x

Европската Унија ќе обезбеди два милиони евра помош за Колумбија по разорниот земјотрес што ја погоди земјата во неделата, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

— реклама —

„Додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, ЕУ ѝ помага на Колумбија со сите расположливи средства“, порача фон дер Лајен.

— реклама —

Колумбија побара меѓународна помош преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, преку кој се координира поддршката од сите 27 земји членки. Европската Унија го активираше и сателитскиот систем „Коперник“, чија задача е да обезбеди мапирање на погодените подрачја и да им помогне на спасувачките екипи.

Земјотресот со магнитуда од 7,4 се смета за најсилниот регистриран во историјата на Колумбија. Според досегашните податоци, загинале најмалку 216 лица, а стотици се повредени.

— реклама —

Најтешко погодени се градовите Кали, Переира, Манизалес и Кибдо, каде што спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.

— реклама —

Поддршка за Колумбија веднаш по земјотресот изрази и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која порача дека Европа е со народот на Колумбија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ во јануари ќе разгледува нови мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди

Свет | пред 2 дена

media-libraryba0vtqnb4kqu8OmuwGQ

ЕУ со препораки до граѓаните: Подгответе резерви од храна и вода за најмалку 72 часа

Свет | пред 3 дена

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања