Промени тема
Контакт

(Видео) Зграда се урна за неколку секунди по силниот земјотрес во Колумбија, бројот на жртви надмина 100

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarymh2skmlsetor3fq9fEF

Најтешките последици од разорниот земјотрес што ја погоди Колумбија се регистрирани во Перејра, еден од главните градови во регионот познат по производството на кафе. Според последните податоци, во градот загинале најмалку 47 лица, додека вкупниот број на жртви во земјата достигна најмалку 111.

На социјалните мрежи се појави снимка од моментот кога една зграда во Перејра целосно се урна за само неколку секунди. Сцената предизвикала дополнителна паника меѓу граѓаните кои по земјотресот излегле на улиците.

Тешко погоден е и Кали, каде што, според градоначалникот Алехандро Едер, се урнале 26 згради. Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат низ урнатините во потрага по лица кои би можеле да бидат заробени.

— реклама —

Според последниот официјален биланс објавен од колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела, во земјата загинале најмалку 111 лица, а 87 се повредени. Пријавена е штета на 1.575 домови, од кои 37 се целосно уништени.

Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени ја погоди западна Колумбија во понеделникот наутро. Епицентарот бил лоциран во близина на Сан Хозе дел Палмар, во департманот Чоко.

Поради размерите на разурнувањата, колумбиските власти прогласија национална катастрофа, а спасувачките служби продолжуваат со пребарувањето на погодените подрачја.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library76a8cgenbdoe059F8wG

(Видео) Расте бројот на жртви во Колумбија: 281 загинат, 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryu2jf2m547c19d2clZ56

(Видео) Исцрпен до последен здив, но не се откажува: Кучето спасувач во Колумбија ги трогна сите со својата пожртвуваност

Свет | пред 2 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Колумбија во трка со времето: Најмалку 250 загинати, спасувачите сè уште бараат преживеани

Свет | пред 2 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Бројот на жртвите во Колумбија надмина 250: цели градови се разурнати, спасувачите не се откажуваат

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања