Промени тема
Контакт

(Видео) Снимка од моментот кога силниот земјотрес ја погоди Колумбија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library8ns4hgvh6fbv1BfjrV1

Најмалку 22 лица загинаа во силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што во понеделникот го погоди западниот дел на Колумбија.

Најмногу жртви, 18, се потврдени во Переира, додека три лица загинале во Манизалес, а едно во Буенавентура.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар, во департманот Чоко. Силниот потрес предизвикал голема материјална штета во повеќе градови, а бил почувствуван и во Богота и надвор од границите на Колумбија.

— реклама —

Во Кали се урнале околу 20 згради, при што има луѓе заробени под урнатините. Градските власти побарале помош од спасувачки екипи од Богота и Меделин. Повредени и сериозно оштетени објекти има и во Кибдо, главниот град на Чоко.

Голема штета е пријавена и во Переира, додека во Манизалес е оштетена кулата на катедралата. Поради оштетувањата е прекинат сообраќајот на шест аеродроми – во Переира, Манизалес, Кибдо, Ерманија, Картаго и Буенавентура.

— реклама —

Колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела наредил формирање единствен кризен штаб во Сан Хозе дел Палмар за координација на спасувачките активности и санирање на последиците. Тој најавил и дека лично ќе отпатува во Переира.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по лица кои би можеле да се наоѓаат под урнатините, додека властите предупредуваат и на можноста од дополнителни потреси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library76a8cgenbdoe059F8wG

(Видео) Расте бројот на жртви во Колумбија: 281 загинат, 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryu2jf2m547c19d2clZ56

(Видео) Исцрпен до последен здив, но не се откажува: Кучето спасувач во Колумбија ги трогна сите со својата пожртвуваност

Свет | пред 2 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Колумбија во трка со времето: Најмалку 250 загинати, спасувачите сè уште бараат преживеани

Свет | пред 2 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Бројот на жртвите во Колумбија надмина 250: цели градови се разурнати, спасувачите не се откажуваат

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања