Промени тема
Контакт

Нов пораст на жртвите во Колумбија: 47 загинати само во Переира, вкупно 82

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryclbfpi2d5tk85MPRMPt

Бројот на загинати во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија се искачи на 82 лица, откако пристигнаа нови податоци за состојбата во Переира, еден од најтешко погодените градови.

Шефот на локалната полиција, Оскар Леонел Очоа, за „Каракол Радио“ изјавил дека само во Переира загинале 47 лица. Претходно, градоначалникот Маурисио Салазар соопшти дека во градот има 40 жртви, додека властите на департманот Рисаралда известија за 42 загинати на целата територија на департманот.

— реклама —

Очоа изјавил и дека во Переира се урнале повеќе од 60 згради, а бројката би можела да надмине и 70. Потрагата по луѓе под урнатините продолжува.

Покрај 47-те загинати во Переира, потврдени се 27 жртви во департманот Ваље дел Каука, четири во Чоко, три во Манизалес и една во департманот Антиокија.

— реклама —

Спасувачките служби и натаму трагаат по луѓе под урнатините, па бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library76a8cgenbdoe059F8wG

(Видео) Расте бројот на жртви во Колумбија: 281 загинат, 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryu2jf2m547c19d2clZ56

(Видео) Исцрпен до последен здив, но не се откажува: Кучето спасувач во Колумбија ги трогна сите со својата пожртвуваност

Свет | пред 2 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Колумбија во трка со времето: Најмалку 250 загинати, спасувачите сè уште бараат преживеани

Свет | пред 2 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Бројот на жртвите во Колумбија надмина 250: цели градови се разурнати, спасувачите не се откажуваат

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања