Промени тема
Контакт

Бројот на жртви од силниот земјотрес во Колумбија се искачи на 53

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Бројот на жртви во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија се искачи на најмалку 53 лица, според последните податоци од локалните власти.

Најмногу жртви, 27, се потврдени во департманот Ваље дел Каука, каде што се наоѓа Кали. Во Переира, главниот град на департманот Рисаралда, загинале најмалку 18 лица.

— реклама —

Гувернерката на Чоко, Нубија Каролина Кордоба, потврдила уште четири смртни случаи во овој департман, каде што се наоѓал епицентарот на земјотресот. Во Манисалес, главниот град на департманот Калдас, потврдени се три жртви.

Уште едно лице загинало во департманот Антиокија. Станува збор за 73-годишен маж од Тамесис, врз кого паднала карпа одронета за време на земјотресот.

— реклама —

Спасувачките операции и проценката на материјалната штета сè уште траат, поради што властите предупредуваат дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library76a8cgenbdoe059F8wG

(Видео) Расте бројот на жртви во Колумбија: 281 загинат, 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryu2jf2m547c19d2clZ56

(Видео) Исцрпен до последен здив, но не се откажува: Кучето спасувач во Колумбија ги трогна сите со својата пожртвуваност

Свет | пред 2 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Колумбија во трка со времето: Најмалку 250 загинати, спасувачите сè уште бараат преживеани

Свет | пред 2 седмици

media-libraryahh0s5j5pakm54caXMQ

Бројот на жртвите во Колумбија надмина 250: цели градови се разурнати, спасувачите не се откажуваат

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања