Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Реми за паметење, прослава за пример: Јапонците славеа на улица, но штом се вклучи црвено – веднаш се тргнаа од коловозот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Настани
media-libraryk1g93aac8k6oaywBNQX
screenshot X

Дека дисциплината и почитувањето на правилата се длабоко вкоренети во јапонското општество, потврдува и видеото што деновиве привлече големо внимание на социјалните мрежи по натпреварот на јапонската фудбалска репрезентација на Светското првенство.

— реклама —

Иако турнирот штотуку започна, јапонските навивачи веќе се најдоа во центарот на вниманието поради своето однесување. Откако претходно беа забележани како ги чистат трибините и соблекувалниците по натпреварите, сега покажаа дека не ги забораваат правилата ниту во моменти на голема еуфорија.

Јапонија неодамна одигра нерешено 2:2 против фаворизираната Холандија, а освоениот бод беше дочекан како голем успех, особено ако се има предвид дека Јапонците двапати имаа резултатска негатива и до израмнување стигнаа во 89. минута.

— реклама —

Прославата на улиците низ земјата била бурна, но и примерна. Видеото што стана вирално прикажува група навивачи кои слават на пешачки премин додека е вклучено зеленото светло за пешаците. Во моментот кога семафорот се префрла на црвено, сите веднаш се повлекуваат од коловозот за автомобилите непречено да продолжат да се движат.

— реклама —

Токму оваа сцена уште еднаш покажа зошто Јапонија често се наведува како пример за дисциплина, почитување на правилата и чувство за заедничка одговорност, дури и во мигови на голема радост.

Погледнете го видеото и уверете се зошто многумина коментираат дека ваква прослава може да се види само во Јапонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryefrf6kd4m0ag0Jkj4qb

(Видео) Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија, најмалку 22 лица се повредени

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Регистрирана магнитуда од 6,0 степени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Свет | пред 1 седмица

mkd-393567

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања