Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) „Рипавме од кревет, зградите се нишаа“: сведоштва од косовски Призрен за земјотресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library7pqrflooq1redLcDvoy

„Рипнавме од кревет“, „се тресеше сè околу нас“, „мислев дека ѕидовите ќе пукнат“ – вака граѓаните од Косово го опишуваат силниот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој вечерва околу 22 часот го погоди регионот и предизвика страв и паника кај илјадници луѓе. Потресот беше почувствуван во Косово, Србија и Македонија, а епицентарот, според првичните податоци, се наоѓал на околу 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово.

Највознемирувачки сцени биле забележани во близина на епицентарот. Во селото Партеш, во општина Гњилане, мештаните раскажуваат дека земјата силно се тресела, а предметите во домовите се нишале и паѓале. Една жителка сведочи дека сè во куќата се тресело, цвеќето на прозорецот почнало силно да се ниша, по што саксија паднала на подот.

— реклама —

Во Призрен, каде што граѓаните за тамошните медиуми велат дека ударот бил многу силен, се слушала бучава, а зградите се нишале неколку секунди.

„Беше многу страшно, се тресеше и правеше силна бучава, траеше околу осум секунди“, вели еден жител за Индекс онлајн, додека друг кратко опишува: „Многу се тресеше“. Некои од граѓаните сведочат дека биле разбудени од силниот удар и дека во паника станале од кревет.

— реклама —
— реклама —

Потресот предизвика вознемиреност и во јужниот дел на Србија, особено во Ниш и Лесковац, а, според сведоштвата, се почувствувал и во Белград. Жителка на Нови Белград раскажува дека додека гледале телевизија, одеднаш почувствувала вртоглавица, а потоа забележала дека лустерите почнале да се нишаат.

Надлежните институции во земјите од регионот информираат дека состојбата се следи, а засега нема информации за повредени или за поголеми материјални штети. Граѓаните се повикуваат на смиреност и да ги следат исклучиво официјалните информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5,5 степени почувствуван во Чешка и Словачка

Свет | пред 6 дена

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Венецуела бара одмрзнување на државните средства по разорните земјотреси

Свет | пред 1 седмица

Zemjotres

Земјотрес од 5,5 степени регистриран кај грчкиот остров Карпатос

Балкан | пред 1 седмица

Zemjotres

Земјотрес од 3,8 степени ја погоди границата меѓу Косово, Србија и Македонија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања