Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) Роботот Бибоп ги забавуваше патниците, а потоа го стопираше летот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-libraryr3svepmp6gvafCQc1M2
фото: unsplash

Полетувањето на авион на американската авиокомпанија „Саутвест ерлајнс“ од Оукленд кон Сан Диего било одложено за околу еден час поради необичен патник – хуманоиден робот тежок 34 килограми.

Роботот наречен Бибоп привлекол големо внимание на аеродромот додека танцувал пред качувањето во авионот, а многу патници го снимале со мобилни телефони.

Според американските медиуми, проблемот настанал кога персоналот утврдил дека роботот, заедно со куќиштето, ја надминува дозволената тежина за рачен багаж.

— реклама —

Компанијата „Елит Ивент Роботикс“ од Далас, која го изнајмува роботот за настани, потоа побарала за него да биде купено дополнително седиште во авионот.

Авиокомпанијата дозволила роботот да патува како „нежив предмет“, но по качувањето се појавила загриженост околу литиумската батерија на уредот.

Од „Саутвест ерлајнс“ соопштија дека батеријата ја надминувала максимално дозволената тежина, поради што било побарано таа да биде извадена од роботот пред полетувањето.

— реклама —

Поради дополнителните безбедносни проверки, летот бил одложен околу 60 минути.

Литиумските батерии се строго регулирани во авионскиот сообраќај поради ризикот од пожар и важат строги правила за нивен транспорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynvi3dsrde4i1eMZCYWY

Кинеските хуманоидни роботи го освојуваат светот: Некои чинат помалку од 6.000 долари

Магазин | пред 1 седмица

— реклама —
media-library44bb0i9mmhap7tnTUHU

Роботски кучиња почнаа да ги чуваат насадите со пченка на Хаваи

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања