(Видео) Шамари поради крави во Крива Паланка: Мештани тргнаа да си го решаваат проблемот со добитокот, сопственичката рашамара маж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryr262e1eb0mks03t64ae

Во кривопаланечкото село Добровница повторно ескалира долгогодишниот проблем со стотиците крави кои слободно се движат низ селото и уништуваат земјоделски посеви. Последниот инцидент предизвика гнев кај мештаните, откако кравите уништиле околу 25.000 килограми зелка, што доведе до жесток судир меѓу земјоделците и сопственичката на добитокот, Ј. Ѓ.

— реклама —

Според жителите, стадото со години се движи неконтролирано по ниви, ливади, приватни дворови и покрај магистралниот пат кон Бугарија, создавајќи ризици и во сообраќајот. Во обид да го спречат понатамошното уништување, земјоделците ги затвориле кравите, по што сопственичката се обидела да ги врати назад, што кулминирало со вербален и физички инцидент. На видеото се гледа и како жената му удира шамар на еден од мажите.

— реклама —

Проблемот не е нов. Во март годинава, локалните жители повторно алармираа дека повеќе од 15 години трпат штети од истото стадо, кое брои околу 500 грла и се движи без надзор. Има случаи во кои кравите нападнале жители, а во повеќе наврати го загрозиле и сообраќајот на патот кон Деве Баир.

— реклама —

Мештаните тврдат дека повеќепати поднесувале претставки до институциите, па дури и тужби против сопствениците. Но, процесите се влечат со години, а последниот случај само ја „разбуди“ повторно јавната фрустрација.

Агенцијата за храна и ветеринарство има правосилна одлука за одземање на животните поради прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните, но таа мерка не е спроведена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymt0cc7f1q95o2UWpZKA

Обвинение за таткото и двете ќерки: Спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка со закани

Македонија | пред 1 месец

media-library5rjtmrhuk3t41S4TH39

Николовски: „Со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка безбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај“

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-31-at-11.55.22

(Видео) Цеца во Крива Паланка собра трипати повеќе публика од било кој нејзин настап годинава

Магазин | пред 5 месеци

ceca-kriva-palanka

(Видео) Над 50.000 посетители на концертот на Цеца во Крива Паланка: настапот прекинат по реакција од публика

Магазин | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања