Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Самоубиствен бомбаш ја разнесe влезната порта на судот во Исламабад - 12 загинати, 27 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library34nchj1m8nab9Of2WeN
YouTube/Print Screen

Во самоубиствен напад пред суд во пакистанската престолнина Исламабад загинале 12 лица, а најмалку 27 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата, Мохсин Накви.

Накви изјави дека напаѓачот планирал да го нападне окружниот суд, но не успеал да влезе во зградата.

— реклама —

Тој додаде дека приоритет на властите е да се идентификува бомбашот и дека сите вмешани ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Самоубиствените напади во Исламабад во последните години се ретки. Снимките од местото на настанот, направени во вторникот, покажуваат изгорен автомобил и полициски кордон околу областа.

— реклама —

Според министерот, 27-те повредени добиваат медицинска помош.

Тој додаде дека напаѓачот го активирал експлозивот во близина на полициски автомобил, откако чекал околу 15 минути.

— реклама —

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари остро го осуди самоубиствениот напад.

Во меѓувреме, адвокат кој во моментот на експлозијата го паркирал својот автомобил пред судот изјави дека слушнал „силна детонација“.

— реклама —

Рустам Малик изјави за новинската агенција АФП дека „владеело целосен хаос“.

„Адвокати и граѓани трчаа во внатрешноста на комплексот“, додаде тој. „Видов две тела на влезната капија, а неколку автомобили беа во пламен.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Vrhoven-sud

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 основани претставки до Судскиот совет

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarya0a59r6qbdna3aR9V4L

10. седница на Уставен суд: укина одредби од правилник и колективен договор на МО

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryp9ro8oceu4e47Pij6PW

(Видео) На 79-годишен маж ќе му се суди за убивањето на жената која е најдена закопана во двор во Штип

Настани | пред 8 месеци

IMG_4929

Здружението на судии бара одмрзнување на платите и нови вработувања во судовите

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања